Ако трагате по здравје и чуда изодете го патот на Св. Василиј Острошки: Лила сподели видео од посетата на едно од најголемите православни светилишта- еве како изгледа одвнатре најпознатиот манастир на Балканот
Импресионирана од манастирот...

Една од нашите најпознати водителки Лила Филиповска (51) убавото топло време го користи максимално.

Таа повторно замина на одмор, овој пат во Црна Гора, каде беше во посета на една од најголемите православни светињи.

Водителката реши максимално да го искористи слободното време и да ужива во патувањето, но и да го пронајде својот духовен мир.

Таа претходно сподели неколку фотографии од посетата на манастирот, но овој пат со своите следбеници сподели и видео во кое може да ја видиме детално внатрешноста на манастирот.

Во описот на видеото таа напиша:

-Ако трагате по мир , здравје и чуда изодете го патот на Св Василиј Острошки.

Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика ! И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св Василиј Острошки Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија. А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам здравје пријатели мои, порача Лила.
фото принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска
фото: Принтскрин Фејсбук/Лила Филиповска