Чистењето на релната е едно од најомразените домаќински работи во домот.
Валкана и мрсна релна без скапи хемикалии изгледа како невозможна мисија.
Но, со комбинација на следните две состојки, и со помош на абразивен сунѓер, ова не треба да биде проблем, тврдат мајките во една групата на Фејсбук.
Значи, се што ви треба е алкохолен оцет и сода.
Направете паста така што измешајте сода бикарбона со неколку лажици вода. Прилагодете го соодносот на двете состојки додека не добиете паста што може да се намачка.
Ставете ракавици намачкајте од пастата низ целата внатрешност на рерната, освен на грејачот. Оставете да делува 12 часа или преку ноќ.
Со помош на шише кое има распрскувач нанесете оцет врз содата се додека не доебиете пена. Откако ќе испрскате избришете ја вантрешноста со абразивниот сунѓер и на крајот поминете со мокра крпа.