Ако имате ЌЕРКА, задолжително треба да го направите ОВА: Обичаи за празникот на верата, љубовта и надежта зад кои се крие тажна приказна

Утре, на последниот ден од септември, православните христијани ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.
Четирите светици уживаат голем култ и голема почит кај македонскиот народ. На утрешниот ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Кај нашиот народ е познато заколнувањето во вера, надеж и љубов. Четирите светици биле личности за кои христијанството тврди дека постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот празник.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.
Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Вера тогаш имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.
По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третиот ден ја земал и ја однел во рајот кај нејзините деца.
Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните.

Фото пекселс
Верата е зракот, надежта – светлината, а љубовта е сончевиот круг. И сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај.
Верата може да направи сè, сè да создаде.
Надежта, ја повикува Божјата милост и ја прави непосрамена. А љубовта никогаш не слабее, не заостанува и не му дава мир на оној, кој е занесен од нејзиниот блажен восхит.
Оној што сака да зборува за љубовта Божја, се осмелува да говори за Бога. А, да се зборува за Бога е ризично и опасно за луѓето кои не внимаваат многу.

Фото пекселс
Вистината за љубовта им е позната на ангелите, но и ним – преку озарението. Бог е љубов (1. Јован, 4, 16), а оној што сака со зборови да објасни што е Он, го прави истото што и слепецот кој седи на брегот на океанот и сака да измери колку песок има на неговото дно.
По својот квалитет, љубовта е уподобување на Бога, во мера која им е достапна на смртниците. По своето дејство, пак, таа е извор на верата, бездна на долготрпението, море на смирението.
Љубовта , во вистинска смисла на зборот, е напуштање на секакви непријатни мисли во поглед на другиот човек. Зашто, љубовта не мисли зло (1. Кор. 13, 5).
Љубовта, бестрастноста и боговосиновувањето се разликуваат меѓу себе само по името. Светлината, огнот и пламенот се постигнуваат со едно дејство. Така треба да се замислуваат и тие три доблести.

Фото пекселс
Во согласност со копнежот за љубовта, во нас се јавува и стравот. Зашто, човекот во кого нема страв – или е полн со љубов, или душевно е веќе мртов.
Не е нималку неприлично да се споредува копнежот со стравот, ревноста и предаденоста, служењето и љубовта кон Бога, со она што обично може да се види кај луѓето. Блажен е значи, човекот кој Го сака Бога онака, како што занесениот љубовник ја сака својата љубена. Блажен е човекот кој се плаши од Бога онака, како што осудениците се плашат од судијата. Блажен е човекот кој станал усрден во вистинската предаденост на Бога онака, како што благоразумните слуги се усрдни кон својот господар.
Блажен е човекот кој во извршувањето на добродетелите станал ревносен така, како што се ревносни мажите кои, заради своите сопруги, се лишуваат себеси од сон. Блажен е човекот кој во молитва стои пред Господа, онака како што служителите стојат пред царот. Блажен е оној, кој се подвизува во непрестајно угодување на Бога, исто како што некои се трудат да им угодуваат на луѓето.

Фото пекселс
Мајката не е така приврзана за своето доенче, како што синот на љубовта постојано е приврзан за Бога.
Кога срцето на човекот е весело, тогаш и лицето негово сјае. Кога целиот човек е опфатен од љубовта Божја, тогаш и надворешно, на неговото тело, како во некое огледало, се забележува сјајот на неговата душа. Така се прослави и боговидецот Мојсеј. Оние кои го достигнаа тој рамноангелски степен, често забораваат на телесната храна. Јас мислам дека тие дури и не чувствуваат потреба за неа.
Не е ни чудо: дури и луѓето кои ги измачува телесната желба често одбиваат да јадат. Сметам дека телото на овие бесмртници веќе не е ни подложно на болести (спротивно на сите природни закони). Зашто, нивното тело е очистено, и на извесен начин (преку дејство на пламенот на чистотата, кој во нив го пресекол пламенот на страстите) станало нетрулежно. Мислам дека, дури и она што го јадат, го јадат без наслада. Зашто, како што подземната вода ги напојува корените на билките, така и небесниот оган ги храни душите на овие свети луѓе.

Фото пекселс
Согласно со растењето на стравот Божји, во човекот се јавува и љубовта. Врвот на чистотата е основниот услов за познавањето на Бога. Самиот Бог, на таинствен начин го воведува во Својата вистина оној кој своите чувства совршено ги соединил со Него.
Зашто, сè додека не дојде до соединување на сите наши чувства со Бога, тешко дека ќе можеме да зборуваме за Него. Соединувајќи се со човекот, Единосушното Слово ја усоврши чистотата и со Своето доаѓање ја умртви смртта. А, тогаш кога смртта е умртвена, ученикот на вистинската теологија бива озарен од Бога. Зборот Божји, зборот кој од Бога доаѓа, Неговиот чист збор, пребива во веки. Оној што не Го познал Бога, за Него зборува со нагаѓање. Чистотата, пак, го прави својот ученик теолог, кој самиот од себе ги објавува догматите за Пресвета Троица.
Оној што Го сака Господа, најнапред го засакал својот брат. Второто е доказ за првото. Оној што го сака ближниот, никогаш не ги поднесува луѓето кои се занимаваат со оговарање. Уште повеќе, бега од нив како од оган. Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути, наликува на човек кој сонува дека трча.
Моќта на љубовта е во надежта. Преку надежта очекуваме награда за љубовта. Надежта е збогатување со невидливи богатства; надежта е сигурна ризница пред ризниците. Таа е одмор од маките, таа е капија на љубовта, таа го убива очајанието, слика е на идните добра.

Фото пекселс
Недостатокот на надеж претставува исчезнување на љубовта. Со неа се врзани нашите маки, на неа се градат нашите подвизи, неа ја опкружува милоста Божја. Монахот кој е исполнет со неа, ја употребува како нож со кој го сече унинието. Надежта раѓа искуство во даровите Господови. Зашто, оној кој не ги почувствувал даровите Божји, не може да не се сомнева. Надежта го победува гневот: таа не посрамува (Рим. 5, 5). А лутиот човек е непристоен.
Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

Фото пекселс
Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.
На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.




