Вести

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ – Ако ви пристигне ВАКВА порака НИКАКО не ја отворајте! ФОТО

Advertisement

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на МВР периодов констатираше зачестена појава на таканаречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив, минформираат од ресорното министерство.

Фишинг нападот, како што појаснуваат, е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска.

Advertisement

Фото Пекселс

„Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус.

Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик“, се истакнува во соопштението на МВР.

Фото Пекселс

Оттаму, МВР со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.

Македонската банкарска асоцијација се приклучи на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички.


Фото Пекселс

„Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за нелегално преземање на податоци за картички и други лични податоци“, велат од МБА.

Од таму појаснуваат дека при користење на платежните картички на интернет постојат неколку задолжителни проверки кои мора да бидат направени:

Веб страницата треба да биде безбедна (да има иконка катанец пред името)

Проверка на називот на веб страницата (посебно делот после точката дали е логичен или намерно направен да ве измами)

Користете сигурна интернет конекција (по можност приватна)

„Доколку се сомневате во веродостојноста на понудата не внесувајте детали од картичката (на пр. телефонски уред за 1 денар, сместување за неверојатно ниски цени, бесплатен авионски билет и сл.)“, велат од МБА.

Фото Пекселс

Голема измама се шири низ Македонија, па доколку сте добиле ваква порака, никако не ја отворајте.

За овие измами информираше и Македонски Телеком од каде велат дека измамата е преку СМС пораки кои водат на лажни сајтови за испорака на пратки.

„Нашите тимови го спречија ширењето на оваа лажна кампања кај нашите корисниците. Апелираме, внимателно да се отвораат пораки од сомнителни испаќачи, да не се оставаат лични податоци и секогаш да се проверуваат официјалните канали за комуникација на испраќачот“, велат од компанијата.

Во продолжение погледнете како изгледа пораката:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button