Реклама
Вирално

Ако вашата облека смрди и покрај тоа што е испрана во машина, имате проблем со габи кои се собираат на ова место од пералната, еве како да се ослободите од нив

Реклама

Многу домаќинки го имаат истиот проблем, иако ставаат омекнувач во нивните алишта и натаму не мирисаат убаво, а неретко имаат и непријатен мирис кога ќе го извлечат од машината за перење.

За ова е виновна гумата која се наоѓа веднаш до вратата на пералната, а која малку кој ја одржува и чисти.

Маркетинг

Токму тука се собираат габи од кои потоа тешко ќе можете да се ослободите. Нечистотијата главно се собира на работите, но и под споменатата гума, па може да се случи во овој дела да се собере и мувла.

Маркетинг

„Се обидов да ја отстранам со оцет, но без успех. Се плашам да употребам нешто поагресивно, за да не се оштети гумата“, објавува една од членките на форумот, а многумина сакаа да и помогнат, препорачувајќи белило, сода бикарбона, масло од каранфилчиња…

„Го имавме истиот проблем, а потоа слушнавме дека еднаш месечно треба да се вклучи перење на 90 степени, но без детергент и алишта внатре. Откако тоа го практикувам, немам проблем со мувлата“, советува една жена.

Исто така советуваат дека вратата од машината за перење треба секогаш да биде отворена и добро да се чисти еднаш неделно.

Еве уште неколку совети за беспрекорно чисти и миризливи алишта:

– Прво со обично хартиено марамче избришете ја внатрешноста на машината за перење за да ја исчистите насобраната нечистотија. Меѓутоа, нанесете било какво средство за чистење на гумата, по целата површина и распоредете го рамномерно.

– Затворете ја вратата од пералната и оставете околу два часа. По истекот на тоа време, вклучете ја машината во режим „плакнење“, за да се исчисти средството за чистење.

– После тоа во преградата за прашак за перење истурете лимонтус, и вклучете ја машината на највисока температура.

-Оваа процедура повторувајте ја по потреба

Во зимските денови нема многу па испраните алишта побавно се сушат.

Голем проблем настанува дури кога по предолго стоење алиштата примаат некој чуден мирис, па мора повторно да ги испереме.

Еве неколку предлози како да ги сушите алиштата во текот на зимата, а како во лето.

  • Проветрувајте и не сушете на радијатор
  • За некои единствено решение за сушење на алиштата е внатре во домот. Во тој случај е многу важно да направите струење на воздухот и редовно да проветрувате. На овој начин алиштата побрзо се сушат, а така спречувате создавање на мувла во станот. Не ја сушете облеката на радијатор, зошто на тој начин во него се собираат бактерии, а ризикувате и појава на мувла во станот, а тоа никој не го сака.
  • Немојте да ја преполнувате сушарата.
  • Сушарата на која ја сушите облеката не треба да биде полна. Оставете простор меѓу ткаенините за воздухот да може непречено да струи.

Кога има сонце…

Доколку надвор има сонце задолжително облеката изнесете ја надвор. Може да се случи алиштата да замрзнат, но кога ќе го внесете внатре, на собна температура ќе бидат брзо суви.

Трик со пешкирот!

Долколку имате машина за сушење на алиштата, еве еден совет. Ставете внатре со влажната облека и еден сув пешкир. Пешкирот ќе ја упие влагата кој се создава во машината, а и тој полека ќе се исуши со останатата облека. Вака облеката побрзо ќе се исуши и ќе биде понежна и помека кога ќе ја извадите од машината за сушење.

Полусувата облека пеглајте ја веднаш и немојте да чекате целосно да се исуши, подобро ќе се испегла, пеглата дополнително ја суши и дезинфицира ткаенината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button