Поради 91-то доделување на Оскарите, многу забави се одржаа во Холивуд на кои се гледаше доделувањето, а потоа следуваа бројни журки на кои присуствуваа познатите. Покрај најпознатите фаци од филмската индустрија можеа да се видат и бројни ѕвезди и од светот на модата. Познатата убавица Адријана Лима доделувањето го гледаше на забавата на Елтон Џон, а потоа замина на една од најпрестижните журки што традиционално се случуваат по доделувањето на Оскрите, а која ја организира магазинот„ Vanity Fair“.
Таа и за двете пригоди носеше бели фустани, но на модните критичари во фокусот им беше нешто друго наместо фустанот од модната куќа Ралф и Русо.
Имено, познатата манекенка покрај обетките и нараквиците носеше накит и на ногата со кој ги воодушеви сите.
https://www.instagram.com/p/BuTZ01bAWjr/
Па, што велите за ова нетрадиционално издание на Адријана?