Агнеса откри дали е заљубена и прв пат отворено зборуваше за својот ЕМОТИВЕН СТАТУС – само ваков маж може да ја освои!
Прашањето ја погоди, но беше брутално искрена…
„Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат па се рушат“.
Агнеса Органџиева зборуваше за својот љубовен живот и ни откри дали во моментот е зафатена
Таа е една од најпознатите дами од Македонија на социјалните мрежи, која со своите фотографии и модни комбинации го привлекува вниманието како на посилниот, така и на понежниот пол. Овој пат без влакна на јазикот таа одговори на неколку прашања во нашата рубрика „Пет минути со…“, а зборуваше отворено и за својот љубовен статус и дали повторно би се мажела доколку го сретне вистинскиот.
Имено, Агнеса зборуваше искрено за својот љубовен статус, а откри и дали има емотивен партнер покрај себе.
На прашањето дали во моментов е заљубена и дали има некој покрај себе таа вели дека се уште го чека вистинскиот и дека местото до неа го чува за човекот што ќе знае да се носи со неа како жена, мајка и сопруга.
Таа отворено зборуваше и за тоа дали повторно размислува за брак, на што беше брутално искрена и одговори:
„Зошто да не, би сакала, нормално. Сепак, за мене тоа е лист хартија и не ми е мерило за такво нешто, и другите треба да го разберат тоа. Тоа е само еден потпис што го користиме секој ден на работа“ одговори Агнеса.
Таа во една пригода изјави дека мажите се плашат да и пријдат, па во врска со тоа за Гламур магазин изјави:
„Тоа е така зашто сум заштитена со мојата аура и не можат да ја пробијат. Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат па се рушат“.
Целото интервју со Агнеса прочитајте го тука, а во продолжение погледнете и неколку нејзини комбинации:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева