Ѕвездата на „Гранд“ Марија Груевска итно оперирана – сместена во германска болница, еве ги деталите
„Имам 18 резови, но најважно е дека сè помина добро“.

Поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, во изминатиот период помина низ сериозна здравствена состојба поради нефункционална вена која морала итно да биде отстранета. Како што пишува Гранд, пејачката била оперирана во Германија, каде што интервенцијата била успешно изведена.
Марија ја потврди информацијата и искрено проговори за тоа како се чувствува по операцијата.
„Точно е, оперирана сум. Ми вадеа вени, една главна и повеќе споредни. Главната вена беше нефункционална, не ја пумпаше крвта и не смееше така да остане, па мораа да ја отстранат. Имам 18 резови, но помина,“ изјави пејачката за Гранд.

Таа откри и дека престојот во болницата ѝ бил значително олеснет благодарение на медицинскиот персонал, кој, освен главниот доктор, бил составен претежно од луѓе од Србија.
„Целиот тим, освен главниот доктор, беа Срби. Сите ги следат ‘Ѕвездите на Гранд’, па се смеевме заедно и по операцијата завршивме со неколку песни,“ со насмевка раскажува Груевска.
На крајот, Марија истакна дека закрепнува брзо и дека се чувствува многу подобро.
„Фала му на Бога, подобро сум. Добро е што постои лек и начин ваквата состојба да се реши,“ додава пејачката со оптимизам.
Да потсетиме, Марија Груевска беше една од најинтригантните натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“ и важеше за еден од најдобрите перформери во шоуто.
По завршувањето на натпреварувањето, таа се исели од Македонија и заедно со сопругот започна нов живот во Германија. По две години во странство, Груевска откри дека е на добар пат да стане и германска државјанка.



