Зурли и тапани пред куќата на Стефан од Велес – сподели преубава вест, честитки добива од сите страни
Се омажи сестрата на актерот Стефан Николовски

Стефан Николовски ги изненади сите со овие свои објави…
Младиот актер и стенд-ап комичар од Велес, кој е хит и на социјалните мрежи, овој пат сподели една малку поинаква вест.
Тој најпрво се огласи и ги предупреди своите следбеници дека ќе споделува нешто што досега не го виделе на неговиот профил.
Инстаграм/ Стефан Николовски
Станува збор за фотографии и снимки од свадбата на неговата сестра со кои Стефан ги воодушеви своите бројни фанови.
Познатиот комичар сподели снимки од кои можевме да видиме како ја изнесува својата сестра Лилјана од куќата, но и неколку детали од свадбената церемонија каде преубавата невестата беше во главна улога.
Инстаграм/ Стефан Николовски
Невестата како принцеза
Од објавите може да видиме дека невестата носеше преубава венчаница, но и како изгледаше првиот танц на младенците.
Инстаграм/ Стефан Николовски
Инстаграм/ Стефан Николовски
Инстаграм/ Стефан Николовски
Првиот танц
Стефан секако беше еден од највеселите на свадбата, а гостите ги забавуваа момците од „Либеро бенд“ и „Некст тајм“.
Инстаграм/ Стефан Николовски
Инстаграм/ Стефан Николовски
Потсетуваме, Стефан е млад актер од Велес кој стана ѕвезда на Инстаграм со неговите интересни скечеви.
Инстаграм/ Стефан Николовски
Тој во неговите хумористични видеа најчесто ги искажува „маките“ и ситуациите кои ни се добро познати на сите, инспириран од нашето секојдневие и често шегувајќи се на сметка на некои по малку лоши карактеристики кои се типични за луѓето на Балканот.