Моќна молекула која ни ја подарија растенијата
Хлорофилна вода е хит во фитнесот, а ја користат и познатите кои се колнат дека токму таа е виновна за нивниот блескав изглед. Таа е одлична за детоксикација и инстант слабеење, па малку истражувавме да видиме за што станува збор и кои се нејзините предности за здравјето. Од нашето основно образование сите знаеме дека хлорофилот е молекула која на растенијата им ја дава нивната зелена боја и дека ја апсорбира светлоста од сонцето и ја користи енергијата за храна, односно дека хлорофилот е заслужен за фотосинтезата. Оваа молекула природно се појавува во темно зелен зелечнук за кој сите знаеме дека има бројни витамини и минерали и го подигаат имунитетот. Токму затоа и Лара Стоун, Лили Олдриџ и Џенифер Лоренс редовно пијат хлорофилна вода и велат дека токму таа им го дава сјајот кој го имаат на црвениот килим, т.е. им го исфрла вишокот вода од организмот па изгледаат мошне згодно, здраво и фит.
Неверојатен тренинг со кој ќе согорите 150 калории за само 8 минути >>
Но покрај ова хлорофилната вода може да ве заинтересира и поради специфичниот изглед бидејќи потсетува на некој волшебен напиток од цртаните филмови, а некои на Инстаграм дури и ја викаат и Хулкова боја поради впечатливата зелена нијанса. Течниот хлорофил, кој е главната состојка во овој напиток, одличен е за отстранување на тешките метали од организмот, неутрализација на токсините и подигање на нивото на енергија. Се верува дека има алкално влијание па му помага на телото подобро да ја апсорбира водата, а некои лабораториски тестови покажуваат дека може да спречи и настанување и развивање на канцерогени клетки, но ова се уште не е потврдено. Хлорофилот е одличен антиоксиданс и затоа е толку популарен меѓу оние кои вежбаат – за време на вежбањето се ослободуваат слободни радикали кои хлорофилот ги впива па го препорачуваат да се пие пред тренинг.
Блогилатес – најдобрите пилатес вежби за рамен стомак >>
Оваа моќна молекула помага и за варењето, т.е. ја става во рамнотежа pH вредноста на организмот и ги смирува запаленијата и целиот нервен систем. На тој начин ви помага да се решите од стресот, но и да се наполните со енергија. Токму затоа оваа вода ја обожаваат и оние кои практикуваат јога, а ако сакате да ги пробате добрите ефекти на овој напиток, во продавници за здрава храна купите течен хлорофил и капнете во количина со вода која што ја пишува на пакувањето. Иако изгледа невкусно, во водата нема да го почувствувате неговиот вкус. И не заборавајте, вашата урина од зелената боја би можела да поприми бојата, но не треба да паничете и да се откажете од оваа здрава навика.
Кој е најефикасниот метод за слабеење – кардио, интервален тренинг или диета?
Само 10 минути вежби за тело во форма на песочен часовник >>