На многумина не им е јасно како оваа полничка девојка пронашла ваков Аполон во својот живот.
Таа им одговори на сите…
Сите сакаме да објавиме фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека сме среќни, во прегратки со нашите партнери или најблиски. Тоа го направи и Џена Кучер кога објави фотографија од себе и од својот сопруг Дру на која се гледа како уживаат на Хаваите. Но сега постои еден проблем – според одредени корисници на социјалните мрежи таа не е доволно атрактивна за него. Поточно не го заслужува. Но ваквите недолични коментари наместо да ја демотивираат, тие го направија спротивното, па Џена која се занимава со фотографирање на свадби, напиша порака која се однесува за сите жени, посебно за оние кои се чувствуваат како неа.
„Зошто јас вака заоблена заслужувам да имам таков маж покрај себе. Дури и кога ги барам одговорите во главата ми изгледа дека не го заслужувам. Овој човек ја прифати секоја кривина, неправилност или целулит на мене и тоа е така веќе 10 години. И секогаш ме потсетува дека сум прекрасна без разлика што внатрешниот глас ми го зборува спротивното. Да, моите бутови се допираат, мојата рака е голема, а задникот уште поголем, но тоа значи дека има екстра повеќе од она што тој може да го сака, и затоа избрав човек што може да се носи со тоа. Мислам дека сум нешто повеќе од своето тело. И тој е, и ти која што го читаш овие редови, исто така. Стисни лајк ако мислиш дека вистинската љубов не познава големини.“
https://www.instagram.com/p/BgUl8p7hjAm/?utm_source=ig_embed
Злобните коментари секако дека не престанаа да пристигнуваат и по ваквата емотивна порака напишана под фотографијата, но сепак нив ги надминува многу поголемиот број лајкови што секојдневно го добива оваа девојка.
https://www.instagram.com/p/BehDhT1hv-o/?utm_source=ig_embed