Реклама
Секс

Еве зошто погрешните мажи им се случуваат само на добрите жени

Реклама

За да знаете каков партнер сакате, најпрво мора да се запознаете самите себе.

losmaz2

Мислете дека веќе не постојат добри мажи

Маркетинг

Доколку не верувате дека таму некаде постојат ’вистински‘ мажи, тогаш согласувањето на врска со медиокритетен маж (или било каков), може да ви изгледа како единствена опција. Анализирајте го сопствениот начин на размислување во врска со мажите, можеби и вие правите некои грешки или пак го барате невозможното.

Не знаете каков би требало да биде добриот маж

Маркетинг

Ако никогаш сериозно не сте го замислиле каков би требало да биде вистинскиот маж за вас, ќе ви биде уште потешко да го препознаете истиот во вистинскиот живот.

Размислете какви карактеристики би требало да поседува, какви доблести и ставови кон животот има, што е она кое што тој би требало да го поседува за да го сметате за кандидат за врска или брак.

За да знаете каков партнер сакате, морате најпрво да се запознаете самите себе.

Не умеете да ја прекинете врската со погрешниот човек

losmaz1

Некои жени се свесни дека налетале на маж кој што не им одговара, но во таа врска се задржуваат многу повеќе отколку што треба, затоа што не знаат да ја прекинат.

Морате да имате доволно доза на меѓусебна почит за да можете да сфатите дека сопственото незадоволство е доволна причина за прекин.

Верувате дека можете да го промените

Иако е можно некој да се промени во подобра личност, таквото нешто е нереално доколку самата таа личност нема желба за тоа. А уште помали се шансите тој да сака промена само затоа што вие тоа го сакате, затоа што станува збор за неговиот живот и начинот на кој што тој функционира веќе со години.

Се ’лепите‘ за погрешните мажи

losmaz3

Привлекувате такви типови, едноставно затоа што такви мажи ви се допаѓаат. Можно е секогаш да ’паѓате‘ на погрешен тип на маж затоа што вие потсвесно се обидувате да ја ’поправите‘ претходната пропадната врска со човекот кој имал слични особини.

Обидете се со помош на силата на волја да го ингорирате тоа што ве привлекуваат ’лоши‘ мажи и пробајте нешто ново. Дајте им шанса на оние кои што не ви предизвикале ’пеперутки во стомакот‘ уште од прва.

Поврзано

Back to top button