Женските Бикови сакаат да контролираат се’, а Девиците многу често завршуваат со солзи – прочитајте зошто секогаш се заљубувате во погрешен
ДЕВИЦА
Перфекционизмот во вас е во потрага по луѓе кои имаат недостатоци коишто вие ќе ги поправите, што е голем проблем, бидејќи никако да научите дека не можете да ги “поправате” луѓето. На сè околу вас гледате какно на проект којшто ќе го доведете до совршенство, а на крајот завршувате во солзи.
ВАГА
Се врзувате за осамени и за луѓе кои се плашат да се врзат, бидејќи мислите дека целосно ги разбирате. Сепак, од такви врски излегувате разочарани бидејќи таквите типови навистина повеќе ја ценат и сакаат својата самотија од било што друго.
ШКОРПИЈА
Ве интересираат само забранети нешта и кога ќе видите дека некој е надвор од вашата лига, ќе дадете сè од себе да го освоите, но најчесто тие работи завршуваат со неуспех.
СТРЕЛЕЦ
Ви се допаѓаат и сакате авантуристи и очекувате дека ќе се врзат за вас, но никако да сфатите дека таквите ’ветропири’ имаат слух само за своите патувања и авантури, а никако за брак со вас (или било која друга).
ЈАРЕЦ
Ве привлекуваат машки кои секогаш ве оставаат збунети, бидејќи ви испраќаат измешани сигнали, а тоа е затоа што директните мажи ве плашат, па потоа се вртите кон ’мативодите’.
ВОДОЛИЈА
Вие сте романтична личност, сонувач, која мисли дека љубовта навистина победува сè, и затоа немате ништо против очигледно многу лоши избори на мажи за вас. Верувате дека вашата љубов и нежност ќе ги промени, но на крајот завршувате така што вашиот партнер ве зема здраво за готово сè додека на крајот не побегне со друга.
РИБИ
Никогаш не преболувате никој со кого ќе барем еднаш сте излегле, па љубовниот животот ви се состои од постојан круг на исти луѓе кои ги молите за уште една шанса. Поради тоа што сте толку нежни и оптимистчни, само му давате на машкото уште една шанса повторно да ви го скрши срцето, што секогаш и се случува.