ЗОШТО ОЧАЈНО ВЕ ПОСАКУВААТ? Некои од вас се мајстори в кревет, а некои мајстори за флерт!
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Вагите се креативни и посветени на хармонијата. Сексот со нив е вистинско зен искуство. Кога некој еднаш ќе води љубов со вас, ќе сака да го повтори тоа искуство по секоја цена. Сексот со вас е вистински еликсир на задоволство – во исто време е возбудлив, смирувачки и полн со задоволства.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Од секоја ваша пора избива сензуалност и затоа пред вашата спална соба има колона од доброволци кои би сакале да скокнат в кревет со вас. Со еден поглед откривате дека сте мајстори за секс, но наспроти лошата репутација што ве прати, тоа го правите само со оние коишто навистина ќе ви се допаднат.
ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ВИСТИНСКА ПРИРОДА: Во што сте најдобри, а каде се сопнувате
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Сакате да си играте и секогаш сте подготвени за забава. Покрај тоа, никогаш не осудувате, па партнерот може да ви ги довери и најинтимните фантазии. Сакате експериментирање повеќе од било кој друг хороскопски знак.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Јарецот е тешко да го втерате в кревет, но кога ќе успеете, ќе ви се исплати. Секогаш повеќе ценат работа отколку зборови, па такви се и во сексот. Методични се, речиси, како Девиците, па секој кој еднаш ќе ги проба, ќе посака тоа и да се повтори.
ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Откријте каде вашиот знак ќе ја запознае сродната душа
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Бидејќи повеќе ве возбудува ментална отколку физичка стимулација, привлекувате креативни личности со кои прекрасно се согласувате в кревет и надвор од него. Опуштени сте во вашето тело и поради таа ваша енергија и другите се чувствуваат пријатно со вас.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Рибите се романтичари кои од секое сексуално искуство прават сцена достона за романтичен филм од Холивуд. Му се посветувате на партнерот, дури и по цена вие да останете незадоволени.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за љубовниот хороскоп за август, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»
© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka