Холивуд

Зошто Анџелина Џоли и преку лето носи долги ракави

Advertisement

За неа како цела година да е зима

Advertisement

Анелина Џоли цело лето го мина во Лос Анџелес заедно со своите деца, но и со долги џемпери, кошули и блузи кои секогаш ги носи кога излегува надвор од својот дом. Со овие комбинации го предизвика вниманието на јавноста, а некои медиуми се прашуваат зошто се крие зад таквиот чуден стил, посебно во Лос Анџелес, каде температурите поприлично високи.

Одговорот на ова прашање се крие во тоа што Анџелина не сака да ги покаже рацете во јавноста за да не ја нападнат дека изгледа преслабо бидејќи таквиот изглед многу често е мета на критиките. Иако беше препознатлива по нејзините облини, поради здравствените проблеми со кои се соочува во последно време, но и поради разводот со Бред Пит познатата актерка изгледа поприлично ослабено во последно време.

Advertisement

 

Поради преслабите раце и нозе, таа многу често можеше да прочита во весниците наслови во стилот „Анџелина Џоли ќе умре од анорексија“ и сл. па најверојатно и дошло преку глава постојано да се оправдува и да дава интервјуа во кои мора да напомене дека се чувствува одлично и дека нема проблеми со нејзиното здравје.

Од тука најверојатно го пронашла и најдобриот начин во јавноста да не ги покажува килограмите, а тоа секако е облеката која ги покрива критичните делови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button