Доколку водите љубов само во вечерните часови, тоа е исто како постојано да видите љубов само во креветот, а тоа е еднолично и досадно, нели?
Eве зошто таа се смешка по цел ден …
Но, доколку се впуштите во сексуалните игри и предигри рано наутро, со тоа не само што ќе ја скршите вообичаената рутина, туку ќе добиете и многу други работи кои можат само да ви го разубават животот.
Еве неколку причини зошто е убаво да имате секс наутро:
По утрото денот се познава
А да пробаме …
Доколку верувате во изреката „по утрото денот се познава“, тогаш сигурни сме дека нема да имате ништо против да се се приклучите во клубот кои го сакаат убавото утринско будење. Според едно истражување луѓето кои практикуваат секс наутро, подоцна преку целиот ден се чувствуваат поубаво. Тоа е затоа што со сексот се ослободува окситоцин кој е познат и како „љубовно лепило“, хормон кој што ги поттикнува чувствата за љубов и поврзаност. „Тоа ве прави да бидете поврзани со партнерот и тие чувства можат да ве држат преку целиот ден, а тоа е нешто убаво“ вели сексологот Емили Морсе.
Нема да имате грижа на совеста затоа што НЕ сте имале секс
Не оставај го за после тоа што можеш да го направиш сега!
Колку пати ви се случило да го скокнете сексот пред спиење бидејќи едноставно не сте се чувствувале расположени и сте биле изморени? Да бидеме искрени, брачниот живот понекогаш знае да биде поприлично напорен. Сексот поради заморот и обврските станува се поредок, а тоа се одразува и на брачниот живот. Токму затоа сексот наутро може да биде вистинско решение!
Поради секс НЕМА да задоцните на работа
Сексот наутро и тоа кога не го очекувате е најдобрата работа што може да ви се случи во животот (освен ако не сте во затвор!)
Па не мора се да биде така црно. Едноставно, додека се туширате, повикајте го партнерт да ви се придружи, а потоа направете го тоа набрзина. Добра поза за ваква ситуација е кога тој е од позади, а жената – малку наведната.
Што се однесува до тоа „набрзина“, тоа не треба да го сватите во буквална смисла на зборот. Искористете ги сите сртства кои ви се на располагање како побрзо би доживеале оргазам.
Сексот наутро е добар за здравје
Во здраво тело, здрав дух и малце „ух-ух“ …
Стручните лица не убедуваат дека сексот наутро го подобрува имунитетот. А има ли нешто попотребно од добар имунитет, особено сега, кога сме во студената сезона и кога грипот и вирозите не демнеат од сите страни.
Наутро мажите издржуваат подолго
Звучи шашаво, ама функционира!
Ако некогаш сте се запрашле кога е вистинското време за да го направите ТОА, еве ви го и вистинскиот одговорот. Нивото на тестостеронот кај мажите е најголемо во раните утрински часови, што значи дека тие тогаш се спремни за „работа“ и можат да издржат подолго.
Според сексуалниот психолог Арлен Голдман „мажите наутро имаат поголемо присуство на тестостеронот и затоа имаат повеќе енергија за секс и таа енергија им дозволува да издржат повеќе“. Па, зарем тоа не е тоа што сите го сакаме?
Текстот НЕ е спонзориран ниту од ВЛАДА на РМ, ниту пак од Субрата Рој.
Извор: Net.hr