Ако сакате да се занимавате со некоја физичка активност, а не сте одлучиле што да изберете, размислете за зумба.
За зумбата никој нема да ви каже ништо негативно. Вежбањето е забавно така што многу често не ни забележувате дека трошите многу калории. Додека се забавувате, исто така и ги раздвижувате сите мускули во телото што помага побрзо да се согоруваат калориите. Особено во однос на трчањето при кое работи мала група на мускули, бидејќи движењата се прилично монотони.
Ако зумбата се смета како еден час интензивно танцување без престан, стручните лица пресметале дека една жена со просечна тежина од 68 килограми за тоа време ќе потроши околу 600 калории … Жените кои имаат околу 58 килограми ќе согорат 520 калории, а оние околу 77 килограми ќе согорат неверојатни 620 калории. И тоа при тренинг со нормален интензитет …
{youtube}HRkNfdlm5Qs{/youtube}
А што тек ќе се случува ако дадете сè од себе?