Celebrity

Што мислите, зошто Памела Андерсон на оваа фотографија изгледа десет години постаро?

Advertisement

Таа многу години го држеше статусот на најголема секс бомба во Холивуд, но денес во неа нема ни траг од познатата русокоса убавица.

Advertisement

Плејбој зајачицата и актерката Памела Андерсон низ годините направи неколку трансформации на својот имиџ, но кога се појави во Лос Анџелес на премиерата на филмот „The Gunman“ сите беа шокирани од нејзиниот изглед!

Според британските медиуми, сите присутни на настанот коментирале како таа наеднаш остарела 10-на години, и главното прашање било зошто. Според едни, најголем виновник за тоа била лоша фризура која буквално го јаде нејзиното лице, според други пак, нејзината шминка. Но сепак, не треба да заборавиме колку години има оваа жена (да, таа има 47 години!), и која и во ова издание изгледа многу подобро од многу жени кои се на нејзина возраст.

Advertisement

Некои пак одат до таму што ја споредуваат Памела со Мелани Грифит по една од нејзините  бројни пластични операции.

Што мислите, зошто Памела на оваа фотографија изгледа остарено?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button