Шминка

Зошто вашата шминка НЕ изгледа толку добро колку што би сакале?

Advertisement

Колку и да се трудите да се нашминкате добро, нешто никако не ви се совпаѓа.

shminka1

Advertisement

Колку и да се трудите да се нашминкате добро, нешто никако не ви се совпаѓа. Никогаш не можете да го постигнете крајниот резултат кој сте го виделе на некоја девојка. Се прашувате во што е проблемот? Па, можеби правите некои од следниве грешки.

Не водите грижа за својата кожа

Добрата кожа ќе ви даде и добра основа за вашата шминка. Па, чистењето и негата се од особена важност. Откако ќе ја освежите вашата кожа со производите кои ви одговараат, тогаш подгответе ја за шминкање, на пример, користете хидратантни креми и слично. Само внимавајте да оставите доволно време помеѓу хидратацијата и шминкањето, за кожата да има време да го впие кремот.

Advertisement

Користите погрешни производи

Не користете ги прстите, ако можете да користите четки. Чистете ги редовно четките за шминка. Не мешајте ги сенките со руменилото и не ставајте сѐ во ист „кош“. Вашата опрема за шминкање мора да биде хигиенски чуваната, да одговара на вас и на вашиот изглед, стил и потреби. Не мора да биде професионална, но мора да биде пристојна.

Генијален трик со руменило со кој ќе го освежите вашето лице >>

Шминката која ја користите не ви одговара

Постојат различни форми на шминка. Пронајдете ја онаа која најмногу одговара на вашиот тен, тип на кожа, но и потребите, доколку сакате да постигнете најдобри резултати.

shminka1

Користите погрешни бои

Дали навистина ви стои добро црвен кармин? А виолетова сенка? Можеби „силната“ шминка воопшто не е за вас и треба да побарате нешто понежно, што ви одговара. Па, дури тогаш ќе изгледате совршено. Консултирајте се со некој експерт и одредете го својот тон на кожа, па според тоа избирајте ги и боите што ќе ги користите.

Нови трендови, нови трикови: вака сега се носи туш за очи >>

Користите шминка чијшто рок на траење е изминат

Затоа таа нема добра текстура, не се размачкува како што треба, има чуден мирис, а уште почудно изгледа на вашето лице. Затоа, веднаш отфрлете ја!

Не обрнувате внимание на деталите и имате западнато во мејкап рутина

Немојте да им бидете роб на правилата. Не мора на вашето лице да го ставите баш секој производ кој постои. Можеби секогаш не мора да ставите маскара или руменило. Обрнете внимание на деталите, не работете механички.

Како да го изберете вистинското руменило за вас >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button