Зошто си сама? Зошто не се омажиш?
Кога планираш да имаш деца? Колку пати сте биле нападнати од овие прашања кои не заслужуваат одговор? Колку повеќе се трудите да го образложите својот став, никогаш нема да бидете сфатени.Вашите баби, тетки, комшивки, па и други познаници се осудуваат да прашат нешто такво.
Си оглед на тоа дека живееме во 21 век, границите за многу работи се поместени, а со самото тоа и донесувањето за најважните животни одлуки. Бракот не е играчка, туку е нешто што го менува целиот живот. Факт е дека луѓето повеќе ја гледаат туѓата работа отколку својата, а кога само мал дел од таа енергија би насочиле кон себе, можеби животот би им бил поквалитетен.
Важно е да ја најдете својата друга половина која најмногу ви одговара, па со неа да создавате семејство, исполнето со љубов, почит и разбирање. Бракот не треба да се склучи по секоја цена, само за да се задоволат родителите и познаниците, или пак само да се каже дека сте решиле едно важно животно прашање.
Најважно е да стапите во брак тогаш кога ќе се чувствувате подготвени, тогаш кога ќе се чувствувате психички спремни да се носите со сите згоди и незгоди.Барајте квалитет, а не квантитет. Вистинското време е тогаш кога вие ќе одлучите, а не некој друг. Вие најдобро знаете што ви одговара!