Раковите се познати како чувствителни личности, поради што многумина токму поради оваа особина ги сметаат за слаби.
Се претпоставува дека Ракот нема доволно самопочит во врската и дека продолжува да ја сака личноста дури и кога таа ќе му покаже некои предупредувачки знаци. Но, тоа во суштина не е така. Раковите се само праведни и искрени луѓе кои прават многу работи со цел да спречат љубовната врска да пропадне. Не се типови на личности кои убедуваат некој да ги сака. Тие ѝ се препуштаат на љубовта, но штом другата личност ќе се повлече, Ракот се подготвува да го направи истото.
Ако го даваат најдоброто во љубовта, не значи дека се слаби или личности кои се спремни да остават. Тие знаат кога и каде треба да покажат љубов, а каде не. Погрешното толкување е навредливо и неточно.