MAMAКафе муабет

Зошто модерните врски денес толку лесно се распаѓаат?

Advertisement

Зошто денес е тешко да се одржи една љубовна врска? Зошто, и покрај цел труд, крајот сепак е несреќен? Зошто луѓето одеднаш станаа невешти? Во продолжение ви прикажуваме некои од причините кои прават денешните врски да бидат со краток рок на траење.

ФОТО: revolver.nl

Луѓето не се подготвени

Луѓето не се подготвени за жртви, за компромиси, за безусловна љубов… Не се спремни да го вложат она што е потребно за да функционира нивната врска.

Advertisement

Луѓето не бараат љубов, туку возбудувања

Луѓето сакаат некој со кој ќе можат да гледат филмови и да одат на забави, а не некој кој ќе може да ги разбере дури и во нивната најдлабока тишина. Кога ќе избледне возбудата, тогаш откриваат каков е вистинскиот товар.

Немаат време за сакање

Луѓето немаат трпение да се соочат со врските. Зафатени се тежнеејќи кон материјални работи и тука нема место за љубов.

Сакаат да бидат совршени

Одат на многу состаноци, но ретко на кој му даваат реална шанса. Разочарани се од сите.

Advertisement

Врските веќе не се толку едноставни

Постојат отворени врски, повремени комбинации, врски за една вечер, врски без обврски… многу малку простор за љубов имаме оставено.

Доаѓаат исплашени генерации

Луѓето се исплашени да се заљубат, да се посветат некому, исплашени се од неуспех и од скршено срце. Не додзволуваат никој да допре до нив, ниту излегуваат и сакаат безусловно. Околу себе си ставаат заштитен шлем.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button