Една од омилените работи на мачките е да се вгнездат во кутија или во некое друго тесно место и таму да одмораат. Но, сте се запрашале ли зошто го прават тоа?
Мачките се прекрасно друштво, но понекогаш не’ оставаат збунети со своите постапки. На пример, кога од сите широки и удобни места каде што можат да лежат, мачките го избираат тесниот простор, како кутии или пак лавабото. Имено, како што објаснува др. Ирена Петак, дипломиран инжинер биолог, советничка за однесување на домашните миленици, мачките во малите простори се чувствуваат посигурно.
Во дивината, мачките мора да бидат тикви и скриени, за да преживеат, а спиењето среди отворени просотри ги прави изложени на многу непријатели. Од друга страна, сокривањето во некоја дупка ги прави посигурни. Затоа, следниот пат кога ќе ја најдете својата мачка како спие во некоја кутија, можете да бидете сигурни дека се чувствува удобно – открива Ирена. Според неа, мачките се фасцинантни животни! Иако се припитомени од луѓето, тие сепак го задржале своето однесување.