Реклама
FashionСтил

Зошто купуваме облека која никогаш нема да ја облечеме?

Реклама

Речиси сите го правиме ова: Купуваме облека која никогаш нема да ја облечеме. Фармерки, фустани, блузи… Но, психолозите наведуваат три причини зошто најчесто го правиме тоа.

1. Ја игнорираме големата мана која ја има облеката

Најчеста причина зошто купуваме облека која никогаш нема да ја извадиме од плакар е тоа дека погрешно сме ја процениле или пак сосема сме ја игнорирале нејзината мана. Тоа вообичаено оди вака: Ни се допаѓа некое парче облека, но нешто не било во ред со неа, но бил на попуст па сме го купиле.

2. Купуваме поради фантазија, а не реалност

Втората голема причина што купуваме облека која нема да ја облечеме е тоа што имаме погрешна перцепција за себе. Поради тоа, успеаваме самите да се залажеме и да купиме облека која немаме со што да ја комбинираме, не ни прилега добро, ги истакнува нашите недостатоци и слично. Кога купуваме тогаш се замислуваме себеси како најдобро ни прилега и всушност се потпираме на фантазијата.

Маркетинг

3. Парчето облека премногу ни се допаѓа

На некој можеби ова ќе му звучи чудно, но постојат луѓе кои купуваат облека која многу им се допаѓа, па не сакаат да ја уништат со носење. Овој феномен се нарекува аверзија од губење, а се појавува кај луѓе кои доживеале некакво губење во нивното детство.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button