Кафе муабет

Зошто кучето „мрази“ одредени луѓе и кои – инстинкт е, не инает!

Понекогаш изгледа како кучето без причина да покажува одбивност кон некоја личност. Но, научниците велат дека зад ова стојат длабоки причини – од мириси на страв и агресија, до читање на говор на тело, трауми и дури и инстинктивно препознавање на „непроверени“ луѓе.

Advertisement

Кучињата имаат милиони повеќе рецептори на сетилниот систем од луѓето, што им овозможува буквално да „намирисаат“ промени во човечките емоции. Стравот, вознемиреноста и агресијата испуштаат специфични хемиски сигнали – како адреналин во потта – што кучешкиот нос непогрешливо ги детектира.

Некои истражувања дури покажуваат дека специјално тренирани кучиња можат да препознаат луѓе со антисоцијални црти само преку анализа на потта.

Advertisement
пекселс

Говор на тело: Кучето гледа што криете

Кучињата маестрално ги толкуваат човечките движења, мимики и тон на глас. Ако некој зборува мирно, но телото му испраќа тензија или агресија, кучето ќе го забележи тоа. Директен поглед, наведнување над кучето или брзи движења со рацете можат да бидат толкувани како закана. Затоа, не е ни чудно ако се оддалечи, залае или заврши под маса.

Емоциите на сопственикот – огледало за кучето

Вашето куче го чувствува секое ваше движење, па дури и тивката непријатност за некоја личност. Ако вие се чувствувате несигурно во нечие присуство, многу е веројатно дека кучето ќе реагира со ист став – како продолжение на вашите чувства.

Кога на кучето не му се допаѓа некоја личност, тоа јасно ќе го покаже. Обратете внимание на следните знаци:

Advertisement

Залајување или ржење на личноста, избегнување контакт со очи, одвраќање на главата, криење или повлекување, напната поставеност на телото, подигната ‘грпка’ на грбот, одбивање храна од таа личност, свиена опашка, собрани уши.

пекселс

Минато полни со трауми

Не секогаш станува збор за „мразење“ – често причината е страв или траума. Куче кое било малтретирано од маж, може цел живот да има страв од мажи. Недостатокот на позитивна социјализација во младоста, груб третман или дури и напуштање, можат да создадат долготрајна недоверба кон луѓе. Затоа, реакцијата не е лична – туку преживеана.

Инстинктивна проценка на „неверодостојност“

Понекогаш кучето препознава нешто што ние не го гледаме. Истражување на Универзитетот Кјото покажа дека кучињата избегнуваат луѓе кои се однесувале нељубезно или во себе кријат гнев.

Со други зборови – тие намирисуваат неискреност. Иако не можат да зборуваат, нивната интуиција може да биде аларм вреден за слушање.

Следниот пат кога вашето куче ќе покаже отпор кон некоја личност, не го игнорирајте. Нема потреба од параноја, но вреди да се прашате – дали кучето чувствува нешто за што вие сè уште не сте свесни? Понекогаш кучињата го знаат одговорот пред вас.

И, не заборавајте: Кучето не „мрази“ без причина. Тоа чита, мириса и памети – многу подобро од нас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button