Иако љубовта е најважната работа во животот, исто така и страста игра многу важна улога. Кога исчезнува страста, со текот на времето избледнува и љубовта, а веруваме дека никој од нас тоа не го посакува. Ако сте забележиле дека во вашата врска има се’ помалку страст, можно е за тоа самите да сте виновни, односно, некои ваши лоши навики и здравствени проблеми. Еве на кои начини можете да ја убиете страста во врската.
Лоша исхрана
Ако не јадете доволно, тоа може да ви го намали сексуалниот нагон. Тоа е и сосема логично, затоа што со малиот внес на калории, ќе имате помалку енергија која ќе ја трошите на секојдневните обврски…
Помалку сон
И ова е сосема логично. Ако спиете помалку од 6 часа дневно, вечерта најверојатно ќе бидете поспани и нема да ви биде дојдено до секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо, затоа што доведува до успорено лечење на тестостерон, што ја намалува желбата за секс.
Стрес
Едно истражување покажало дека стресот и уморот се главни виновници за намалување на сексуалната желба дури и кај 60% од жените, но и кај мажите.
Депресија
Депресијата, исто како и стресот, негативно влијание на бројни аспекти во животот, па така и на либидото, а докажано е и дека некои антидепресиви се одговорни за сексуална дисфункција кај мажите.