Реклама
BEAUTYНега и здравје

Денес да го прославиме виното: Дознајте зошто е добро да пиете една чаша црно вино на ден

Реклама

Умерената консумација на црно вино носи уживање, подобро здравје и подобар изглед. Љубителите на црно вино знаат дека тоа е одличен начин за опуштање после стресниот ден. Не треба да напоменуваме дека умереноста е од клучно значење. Црното вино крие многу здравствени предности, како што е подобрување на здравјето и одржување витка линија. Една чаша црно вино на ден е здрава, а ние ви прикажуваме и зошто е тоа така.

ФОТО: elitedaily.com

Го намалува холестеролот

Една чаша црно вино дневно е доволна за да го намалите холестеролот. Луѓето кои по оброкот пијат една чаша црно вино, успеваат да го одржуваат холестеролот во нормални граници.

Го штити срцето

Освен што го намалува холестеролот, антиоксидансите цо врното вино ги одржуваат флексибилни крвните садови и го намалуваат ризикот на настанување на крвни згрутчувања. Тоа има дејство речиси како и аспиринот. Имено, многу луѓе земаат аспирин за да го заштитат здравјето на срцето, но бидете вниматално. Претераното земање аспирин може да му наштети на вашето срце, а чашата вино ви е посигурна опција.

Маркетинг

Го чува мозокот

Црното вино спречува појава на Алцхајмерова болест. Само една чаша вино дневно ќе го одржува во форма вашето паметење, а експертите препорачуваат и притоа решавање крстозбори, судоку, играње игри со зборови…

Го зајакнува имунитетот

Антиоксиданстите во црново вино може значително да го зајакнат вашиот имунитет и да ве заштитат од настинки. Експертите веруваат дека црното вино може да го забрза процесот на лечење инфекции и да го намали нивото на слободни радикали во телото, кои се одговорни за настанување разни воспаленија и болести.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button