Вагите изгледаат самоуверено и слатко и се чини дека не можат да имат мани, но, како и сите ние, така мани имаат и личностите родени во овој хороскопски знак. Во случај да се загриживте, нема потреба, затоа што во Вагите нема ништо криминално, само тоа што ги сакате може да биде и слатко и чудно истовремено.
Вагите се родени такви и речиси секоја Вага има чудни навики. Само научете да не обрнувате внимание на тие навики или едноставно прифатете ги со хумор. Точно е дека Вагата е неодлучна речиси околу сите работи. Од мали до големи одлуки – за нив се’ е тешко!
Вагите мразат кавги и второто име им е компромис. Сакаат да направат мир во светот, а иако знаат дека тоа е невозможно, сепак, постојано се обидуваат да бидат во хармонија со луѓето кои ги опкружуваат. Без оглед на тоа колку Вагата е зафатена, нема начин да одбие ако нешто побарате од неа. Тоа не значи дека секогаш е среќна поради ова, туку Вагата едноставно не знае да каже НЕ. Вагите се плашат некогаш да не пропуштат нешто, па без разлика на тоа колку се уморни, ќе отидат на некоја забава само за да не пропуштат важен настан.
Но, запаметете дека Вагите не се мрзливи и дека сакаат предизвици. Без оглед на тоа колку се среќни и задоволни со својот живот, секогаш ќе бараат начин да се подобрат себеси. Вагата и самата си поставува предизвици и се труди додека не постигне се’! Ах Ваги, колку е слатко, чудно, но и неверојатно да се има личност како вас!