MAMAРецепти

Зорка ни подготви мини банички со сирење, лесни и брзи и за почетници – вакви вкусни досега не сте пробале!

За ова вкусно утринско задоволство не ви треба многу време, ниту искуство. Потребно е само малку трпение и добро расположение.

Advertisement

Неделното утро мириса на домашна кујна и љубов во домот на Зорка Јанчева од Тиквешијата, особено кога во неа се печат банички, како што беше случај утрово.

Зорка е позната меѓу своите следбеници на социјалните мрежи по едноставни, но совршено вкусни јадења што секогаш будат спомени од детството.

Advertisement
фото приватна архива

„Драги мои, денешниот доручек – мини банички со сирење! Без чаршав, така ги развлекував, директно на работната површина. Тестото го замесив од синоќа, само малку, доволно за доручек,“ раскажува Зорка со насмевка.

За ова вкусно утринско задоволство не ви треба многу време, ниту искуство. Потребно е само малку трпение и добро расположение.

фото приватна архива

Рецептот е едноставен:

Во тестото се додава една лажичка сол, околу 50 мл масло и млака вода, доволно за да се добие средно меко тесто. Се остава во фрижидер преку цела ноќ. Наутро, тестото се дели на мали топчиња, кои се расукуваат со раце на намачкана површина и се оставаат да одморат околу 20 минути.

Advertisement

Потоа се развлекуваат, се полнат со сирење и се печат околу 20 минути на 220°C во загреана рерна.

фото приватна архива
фото приватна архива

Резултатот? Мирис кој ја исполнува целата кујна и вкус кој не се заборава!

„Имајте ми убав неделен ден, мили мои, бидете сите во добро здравје и поздравени од сè срце!“ – ни порача Зорка.

фото приватна архива

А ние само можеме да додадеме дека со вакво утро, неделата мора да биде убава!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button