Зоран и Зорица Заеви на домашна „журка“ кај косовскиот премиер Рамуш Харадинај – погледнете ја неговата сопруга!
Премиерот Заев и неговата сопруга Зорица беа на приватна посета во домот на косовскиот премиер.
Харидинај на својата Фејсбук страница објави фотографија под која напиша дека заедно со сопругата Анита им посакале добредојде во нивната куќа на нашиот премиер и неговата сопруга надевајќи се дека нивното пријателство ќе се одрази на односите помеѓу Приштина и Скопје и на граѓаните.
Зорица за оваа пригода носеше беж панталони и блуза во светло сина нијанса со интересни ракави од тил додека целото издание го „подигна“ со нејзината тренди фризура. Мошне пријатно не изненади и опуштеното издание на сопругата на Харадинај, Анита, особено интересниот дезен на костумот и маицата што ја носеше под блејзерот.
Имено, нејзиното тренди издание не натера да „погугламе“ малку и да побараме дополнителни информации за неа, нејзиниот приватен живот и посебно начинот на облекување. Во прашање е втора жена на косовскиот премиер, мајка на три деца и новинарка по професија која редовно објавува фотографии на социјалните мрежи од кои може да се види дека е во тек со трендовите.
https://www.instagram.com/p/BDI2oEBCS9n/?taken-by=amucaj
Што мислите вие?