Наши ѕвезди

Зоки Фаци да беше жив сега ќе се гордееше со своите ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ – големо браво за нив!

Тамара и Стефан ги воодушевија сите...

Advertisement

Тамара Тодевска и јутуберот Стефан Лазаров

Еден од нашите најпознати јутубери, Стефан Лазаров, и поп пејачката Тамара Тодевска го објавија нивниот дует.

Advertisement

Станува збор за песната „Патишта“ за кои тие и претходно најавија дека ќе биде посветена на сите драги луѓе кои повеќе не се со нас, но и на сите оние кои за жал сакаат да живеат во животи туѓи.

Токму затоа, како што објасни и Стефан на Инстаграм, тие решиле да искористат и еден стих од легендарниот Тоше Проески.

Advertisement
Принтскрин/ Инстаграм/ Стефан Лазаров

Песната беше објавена во недела, а за помалку од еден час имаше преку 10.000 прегледи што се рекордни бројки.

Потсетуваме, Стефан оваа соработка со Тамара ја најави по смртта на својот драг пријател и колега Зоран Василевски познат како Зоки Фаци.

Принтскрин/ Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тој тогаш даде ветување дека ќе сними песна што ќе му ја посвети, а сега заедно со Тамара и го остварија ова ветување.

Принтскрин/ Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Понекогаш за да ти се случат убави нешта мора да поминеш тежок период или народски кажано после дождот доаѓа сонце“, напиша Лазаров веднаш по објавувањето на спотот, па го додаде и следново:

„Патишта е песна која што ја снимиме во најтешките денови. Денови кога почина вујко ми и Зоки. Затоа оваа песна ми значи живот, а се надевам и почеток на музички пат за мојата кариера. Фала ви за реакциите, коментарите, поддршката. За 4 часа Патишта брои 45 илјади прегледи“, напиша Стефан.

Принтскрин/ Инстаграм/ Стефан Лазаров

Инаку, во овој момент дуетот на Стефан Лазаров и Тамара Тодевска го имаат видено речиси 70.000 луѓе, и ако судиме според коментарите песната дефинитивно ќе биде нов македонски хит.

Принтскрин/ Инстаграм/ Стефан Лазаров

Како звучи ова дело на оваа двојка слушнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button