MAMAКафе муабет

Знаете ли зошто мачките не сакаат возење во автомобил?

Advertisement

Повеќето сопственици на мачки ќе потврдат дека нивното милениче не е баш желно за возење во автомобил. Мачките, за разлика од кучињата, не уживаат во тоа искуство. Иако не можеме со целосна сигурност да кажеме зошто тие не сакаат да бидат ваши сопатници во автомобилот, сепак, познати се некои нивни карактеристики кои можеме да ги разгледаме.

ФОТО: getaway.10best.com

Всушност, за мачките се смета дека се многу територијални и за нив дневната рутина е нешто од особена важност, како на пример одбележување на својата територија или пак закопување на својот измет. Аверзијата на мачките кон возењето е сао инстинктивна реакција предизвикана со промената во нивниот дневен распоред. Мачките, како и луѓето, се подложни на стрес во непознати и неудобни ситуации.

Advertisement

Прилично често е мачките да повратат за време на патувањето, што многумина го препишуваат на мачнините предизвикани од патувањето. Иако одреден број мачки навистина патат од ова, повеќето ќе повратат или ќе извршат голема нужда поради нервоза или страв. Ова е честа и вообичаена појава и затоа препорачливо е на кутијата за транспорт да ставите непропуслива подлога како пелено и слично.

Во никој случај не вадете ја мачката од кутијата за транспорт додека возите. На таков начин ќе се доведете во опасност и себеси, но и другите соучесници во сообраќајот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button