MAMAДом и семејство

Знаете ли коe цвеќe за Велигден носи среќа цела година? Засадете го веднаш!

Според христијанската традиција, одредени видови цвеќиња не само што го красат празничниот амбиент, туку носат и благослов и среќа низ целата година.

Advertisement

Велигден е време на пролетна обнова, радост и надеж, а цвеќињата што се садат за овој празник носат посебна симболика.

Според христијанската традиција, одредени видови цвеќиња не само што го красат празничниот амбиент, туку носат и благослов и среќа низ целата година. Ако сакате вашиот дом за Велигден да зрачи со свежина и духовна енергија, размислете за овие цвеќиња длабоко вкоренети во велигденската симболика:

Advertisement

Кокиче – Симбол на чистота и воскресение

Кокичето симболизира чистота, невиност, но го симболизира и воскресението Христово. Претставува боженствена чистота и се поврзува со плодноста и мајчинството – совршен избор за домови што сакаат да привлечат љубов и благосостојба.

Лалиња – Пролет во својот полн сјај

Лалињата со своите живописни бои и убавина се одлични за велигденски украси. Црвените претставуваат искрена љубов, бордо – почит и восхит. Без разлика дали се во градина или во вазна, лалињата внесуваат радост.

Нарцис – Нови почетоци и животна обнова

Како еден од првите весници на пролетта, нарцисот го симболизира новиот почеток и возобновување. Потсетува на природниот циклус и воскресението – суштината на Велигден.

Advertisement

Зумбул – Цвет на верата и посветеноста

Познат по својот силен мирис и живи бои, зумбулот симболизира надеж, верба и духовна сила. Прекрасен избор за создавање празнична, полна со верба атмосфера.

Маргаритка – Невиност и верност

Со својата едноставност и бела боја, маргаритката симболизира чисти духовни вредности и е често користена во велигденски аранжмани. Таа носи спокојство и мир во домот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button