Знаете ли чија наследничка е Цаци од Сител? Испливаа фотографии од минатото, ќе се изненадите
Ќе се изненадите колку Цаци личи на оваа жена

Неколку фотографии од стариот семеен салбум…
Славица Арсова е една од нашите најпознати новинарки и телевизиски водителки која веќе со години работи во Сител.
Таа не сака премногу да зборува за својот приватен живот, а на работа отсекогаш важела за врвен професионалец и мошне вредна.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Иако Славица денес е една од нашите најпознати дами од малите екрани, малкумина знаат дека таа всушност е наследничка на една од најпознатите македонски водителки и презентерки, Розета Арсова, на која се сеќаваат многу генерации.
Розета е препознатлива по својата боб фризура, а со години водеше култни емисии и главниот дневник на МРТВ.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Таа и денес изгледа речиси исто, а Славица неодамна сподели неколку нејзини фотографии на својот Инстаграм профил.
Цаци која инаку ретко споделува семејни фотографии, овој пат имаше посебна причина за тоа- роденденот на Рози.
Инстаграм/ Славица Арсова
Оваа објава ја сподели и сестрата на водителката, Бисера, која напиша и крајно емотивна порака за нивната мајка.
Инстаграм/ Славица Арсова
„Царица, кралица, мајкица, ни требаш засекогаш, те сакаме до бескрајот. Среќен роденден“, напиша Бисера тогаш.
Розета со колешките водителки – сите врвни професионалци
Потсетуваме, Славица е во брак со својот колега од телевизија Сител, Александар Спасовски, со кого ја имаат ќерката Мила.
Моментот кога Александар ја запроси својата сакана на вестите на Сител и денес се прераскажува, а како сето тоа изгледаше и каква беше реакцијата на Цаци кога го виде прстенот, погледнете тука.
Инстаграм/ Славица Арсова
Тие денес важат за најскладниот пар меѓу водителите, а Цаци понекогаш знае да сподели заеднички моменти и да израдува бројни следбеници на социјалните мрежи покажувајќи како тие изгледаат далеку од рефлекторите, далеку од телевизиските камери…
Некои од овие нивни изданија погледнете во продолжение…