Реклама
Култура[тор]

Знаеме, креираме, рециклираме – погледнете ја креативноста на нашите деца

Реклама

 

 

По повод 22 април, Денот на планетата Земја, Еко клубот “Млади истражувачи еколози” и Секцијата по англиски јазик  “Љубители на англискиот јазик” при ООУ “Гоце Делчев” -Центар од Скопје организираат Хепенинг под мотото “Знаеме, креираме, рециклираме “.

Маркетинг

 

Маркетинг

 

Овој хепенинг има натпреварувачки карактер и тоа, учениците се поделени во неколку работилници: 1.Прва работилница – учениците се натпреваруваат во креативни изработки од отпадна хартија, пластика, алуминиум 2. Втора работилница – ЕКО КВИЗ  3. Трета работилница -МОДНА РЕВИЈА во облека изработена од хартија. 4. Четврта работилница – изработка на маски од отпаден матерјал

 

 

Во модната ревија учествуваат ученици од VII и VIII одделение, членови на Секцијата по англиски јазик која ја води наставничката Слободанка Прелоговски.
 

 

Ревијата е тематска:  Девојките се облечени во фустани  кои ги претставуваат седумте континенти и Планетата Земја, односно се во модели во боите на континентите: црвена – Европа, жолта – Азија, кафеава -Австралија, зелена – Африка, розева – Северна Америка,  портокалова- Јужна Америка, бела – Антарктик  и зелена и сина -Мајката Земја, а има и фустани со цветни мотиви и пеперутки, кои го симболизираат растителниот и животинскиот свет. Момчињата носат зелени балони со пораки кои инспирираат да се грижиме за прекрасната Земја и да го зачуваме ова природно богатство.

 

 

Во кореографијата учествуваше и нашата позната манекенка Ана Коцева, која е поранешна ученика во ова училиште.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button