Главната цел нашминката е да ги прикрие вашите недостатоци и да ве направи поубави. Ако не ја исполнува оваа задача, тогаш најверојатно е време да ги промените производите кои ги користите. Еве кои знаци откриваат дека користите погрешна шминка.

Пудрата ви се гледа
Нема ништо полошо од тоа да ви се гледа линијата од пудрата на краевите од вашето лице. Ова е еден од најчестите проблеми поради коишто жените и се откажуваат од пудрата. Но, потребно е да одвоите само малку повеќе време и да ја пронајдете совршената нијанса за вас.
Маскарата ви се лупи
Добрата маскара би требало да остане на вашите трепки цел ден, а притоа да не остава црни траги околу вашите очи. Ако секогаш ви се лупи и ви се размачкува по остатокот од лицето, време е да ја фрлите и да одберете некоја поквалитетна.
Коректорот не ја исполнува својата цел
Главната цел на коректорот за подочници е да ги „излаже“ другите дека сте наспиени. Но, производите кои ви одговараа во дваесеттите, најверојатно нема да ви годат во триесеттите или четириесеттите.
Пудрата не ви прикрива ништо
Додека сте млади, пудрата ви е потребна за изедначување на тенот и прикривање на провемените недостатоци. Но, како стареете, некои делови од кожата примаат поцрвена нијанса, па потребна ви е поинаква пудра.
Ви се размачкува моливчето за очи
Ако целиот живот мачете мака со моливче за очи кое се размачкува после само 5 минути откако ќе го нанесете, тоа значи дека цел живот избирате погрешни. Верувале или не, моливчето за очи може да трае цел ден, а најсигурна опција ви се оние водоотпорните.