Реклама
Секс

8 знаци дека му се допаѓате

Реклама

На девојките не им е лесно да ги протолкуваат движењата на момците.

Маркетинг

Посебно на првите средби кога и намерите не се баш јасни. Но, постојат некои моменти кои се чиста класика – момците толку често ги прават (несвесно) што не може а да не можете да ги прочитате.

Има трема

Маркетинг

Ако му се допаѓате на момчето самата ваша појава ќе предизвика трема и нервоза кај него. Типичните знаци се смеење или лутење без причина, испотени дланки, нервозни движења, врткања … Момците сакаат да ги контролираат своите емоции. Ако тоа баш не им оди така лесно кога се во ваша близина значи дека „има нешто“.

 

Се приближува

Ако момчето е заинтересирано за вас ќе забележите дека додека зборува или едноставно стои до вас неговото тело се приближува кон вашето, се навалува накај вас, или буквално ви се внесува во лицето! Сака да ви каже дека сака да се зближите.

 

Очите го издаваат

Сите знаеме дека „очите се огледало на душата“. Ако ве гледа упорно и долго и често па се прави дека не ве гледа, па пак зјапа во вас, дефинитивно му се допаѓате. Возвратете со романтичен поглед и насмевка да покажете дека сте заинтересирана, секако, ако сте.

 

(Случајно) ве допира

Еден сигурен знак дека му се допаѓате на момчето е тоа што ќе ја искористи секоја можна прилика да ве допре – можеби за рака, нога, колено, да ве фати за половината, не е важно каде, важно е дека сака да бидете (физички) блиски.

 

Внимателно слуша

Момците сакаат да зборуваат за себе (да се фалат поточно) и за нивните омилени работи како фудбал, спортска, автомобили, жени … Доколку успеете да го привлечете неговото внимание и го натерате да престане да зборува и почне да ве слуша мора да станува збор за љубов или барем за силна привлечност.

 

Случајно ве среќава

Случајната средба во кафулето во кое излегувате можеби и не е навистина случајна, туку прилично намерна и планирана. Сака да ве сретне, но тоа да изгледа случајно. Сфатете го ова како позитивен знак и искористете ја вашата следна „случајна“ средба на вашето омилено место за малку подолг и поинтересен „случаен“ разговор.

 

Се смее на вашите шеги

Никако да запаметите виц, а уште помалку имате навика да кажувате … Сепак тој се смее на вашите шеги и му се допаѓа вашата смисла за хумор. Момците сакаат релаксирана атмосфера и смеење (па често добиваат обвинувања дека се несериозни), така што неговото смеење праќа јасни сигнали дека му се допаѓате и дека убаво си поминува за вас (што секако е основа за убава врска).

 

Се отвара

Знаеме дека „момците не плачат“ односно дека машките се научени да ги кријат своите емоции. Доколку сепак се случи момчето да се отвори и јасно да ги искаже своите чувства, ова е значаен чекор напред во врската (или кон врска). Отворените разговори за тоа како се чувствуваат и двете страни во врската можат само да помогнат да се надминат евентуалните недоразбирања и да се зајакне врската.

Сакате секс? Сакате мода? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button