Живот без цигари, умерена диета, здрава телесна тежина, физичка активност и умерено пиење алкохол – овие се познатите правила за здрав живот, но сега американските научници потврдиле дека тие може да им помогнат на жените да го продолжат животот и за 14 години.
Мажите кои ги применуваат овие правила може да го продолжат својот животен век за 12 години. Дури 82% од оние кои ги почитуваат овие правила ќе имаат помали шанси даумрат од кардиоваскуларни болести, а и за две третини ќе се намалат шансите за заболување од некој вид рак.
Истраувачите ги набљудувале животните навики на жени од 27 до 34 години. Ова е едно од најопфатните истражувања за здравјето во Америка, а резултатите се навистина интересни.
Кога е во прашање физичката активност, тогаш тука се подразбира бар половина час дневно, а за жените дневно е дозволено една средна чаша вино. Телесната тежина треба да биде во граница помеѓу 18,5 и 24,9 БМИ.