Линијата на стомакот е одраз на нашето здравје, но исто така и идеал кон кој се стремиме.
Следниве седум правила ќе ви помогнат да добиете тенка половина, а најважно е – да го намалите стресот.
1. Протеини и распоред на оброци
Во периодот од 15 до 16 часот јадете оброк богат со протеини. Нутриционистите советуваат тоа да биде парче месо или риба, јогурт, јајца. Ваквиот оброк помага да се забрза метаболизмот и го регулира нивото на шеќер во крвта, што директно влијае на согорувањето на масните наслаги на стомакот.
2. Избегнувајте алкохол
Според една студија, алкохолот дури за 36 проценти ја намалува способноста на телото да ги топи мастите. Впрочем, сите го знаеме терминот „пивски стомак”, кој не е за џабе.
3. Кардио вежбите се одличен сојузник
Возење велосипед, одење, џогирање, пливање – сите овие активности ќе ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на стомакот. Доволно е само по половина час секој ден и за неколку недели ќе забележите резултатите.
4. Исфрлете го шеќерот
Намалете го внесот на шеќер. Благото генерално дебелее, а тоа посебно се забележува на стомакот. Со внесувањето на шеќер се зголемува инсулинот, што создава дополнителни проблеми за вашата половината. Исто така, џвакајте ја храната што подолго – така полесно се вари, а со тоа се намалуваат шансите за нејзино задржување во органите за варење.
5. Спиењето е вашиот „идеален” партнер
Спиењето е потребно за одмор, но исто така и за убавина. Ако легнувате во приближно исто време секоја вечер и спиете 6 – 7 часа, вие сте на вистинскиот пат да постигнете идеална линија. Всушност, студиите покажуваат дека луѓето кои спијат 6-7 часа, во споредба со оние кои спијат во просек пет часа или помалку или осум часа и повеќе, имаат значително помал процент на масти на стомакот.
6. Водата е главен фактор
Не станува збор за магична напивка, туку водата едноставно ги регулира сите метаболички проблеми и процеси во човечкото тело. Кога ќе се зголеми внесот на течности, пред се вода, ќе се чувствувате сити подолго време. Водата ја хидрира кожата и го намалува чувството на глад.
7. Избегнувајте долго седење
Ако вашата работа е поврзана со седење, на секои дваесет минути направете пауза. Прошетајте, направете си кафе, качете се на вториот кат… Паузата треба да трае само неколку минути. Ќе ги намалите отоците на нозете, но и обемот на половината.