Живеев во подрум со мртов дедо: Гоца Божиновска проговори за пеколот по разводот

Пејачката Гоца Божиновска за време на својата долга музичка кариера си обезбедила себе и семејството живот богат и раскошен, а нејзиното детство било сосема поинакво.
Едвај врзувала крај со крај, облека ѝ давале соседите, а за да им помогне на мајка си и татко ѝ рано почнала да работи и да заработува.
„Татко ми беше многу богат човек кога живееше во Македонија. Тој остави сѐ кога се ожени со мајка ми и се пресели во Србија.
Имал пет деца и останало се на нив. Никогаш не прашав за тоа, никогаш ништо не барав, ниту пак ме интересираше. Тука врзувавме крај со крај“, изјави еднаш пејачката за „Курир“.
„Носев работи што ми ги даваа комшиите, немав што да облечам. Наутро одев на училиште, а попладне работев за некого и кога ќе ми дадат парче леб и ќе намачкам со кајмак врескав од среќа!
Во зима ги јадев компирите што му ги даваа на татко ми, верувајте компири сега не сакам да видам а не да јадам, ми се гади. Затоа денес можам да преживеам со милиони, но и со еден динар, бидејќи на сѐ сум навикната“, вели Гоца за своето воспитување.
Пејачката тогаш не помислувала заработените пари да ги потроши на гардероба, туку сето тоа го дала за да го опреми семејниот дом.
„Децата денеска прво купуваат „Шанел“ и „Диор“, а јас со првите пари им помогнав на моите родители. Штом почнав да пеам, купив се за дома: ќебиња, шолји за кафе, пластични столчиња… Дадов и пари за варосување на куќата“, изјави претходно таа за „Информер“.
Српската пејачка си ја отвори душата и раскажа низ каков пекол поминала во младоста во периодот кога живеела со една нејзина колешка.
– Злата и јас живеевме по подруми и шупи. Речиси во исто време се разделивме од татковците на нашите деца. Заедно тргнавме во нов живот. Уф, кога ќе ми текне низ што сѐ поминувавме. Многу работевме. Пеевме по кафеани, трчавме, создававме. Еден перод живеевме во еден подрум во кој претходно живеел еден дедо.
Кога тој пoчина, семејството одлучи веднаш да го издаде просторот. Немаше ни светло, во темница се движевме на допир за да стигнеме до влезната врата. Како да живеевме во мрачен и влажен подрум со мртов дедо. Се сеќавам кога една вечер се вратив дома, кога ја затекнав Злата во солзи.
Избезумена, се тресеше од страв. Го сонувала дедото, толку ѝ било реално што имала привиденија дека цело време е до неа. Страшно беше – раскажа Божиновска за реалното шоу „Вип“.
Гоца денеска има три деца – ќерките Јелена и Зоран и синот Мирко, како и две внуци кои и ги подарил нејзиниот наследник. Постариот внук Зоран има една и пол година, додека помалиот Вукан е роден на 16 јануари годинава, точно на 58-от роденден на пејачката.