Ѕирнете во луксузниот дом на најбогатиот фолкер од Македонија – со песна го освои целиот Балкан!
Пејачот во едно монденско место Турција поседува луксузна вила со базен и теретана

Познатиот фолк-пејач Јашар Ахмедовски веќе со години важи за еден од најуспешните пејачи на целиот Балкан.
Тој своите пари што ги заработи со бројните настапи во текот на својата кариера ги има вложено меѓу другото и во недвижнини, па така има екстра луксузен имот и во Турција каде често престојува.
Станува зор за место кое пејачот си го има уредено како во рајот, а кое може да го видиме од неговите објави на Инстаграм.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Јашар во Турција има куќа со огромен двор и базен, а се наоѓа во Фетије, едно од најмонденските места во оваа земја.
И како што самиот Јашар во една пригода откри, тој во Турција се чувствува како дома, посебно што луѓето таму многу се слични како на Балканот, со слична енергија, па дури и храната им е слична.
Како изгледа неговиот рај на ова место, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Потсетуваме, Јашар по потекло е од Македонија, а роден е во Пласница, село кое се наоѓа меѓу Кичево и Прилеп.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Тој со музика се занимава од мали нозе, а познат беше и неговиот брат Ипче кој за жал загина во 1994 година во сообраќајна несреќа.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Во брак е со сопругата Снежана со која е заедно од 1982 година, а на вечна љубов се заколнаа дури по 20 години врска.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Се запознале случајно, додека пејачот бил на турнеја со Лепа Лукиќ, а најголема желба им е да имаат деца.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Оваа е нивната најголема неостварена желба, нешто што Јашар никогаш не го криел, па и покрај големиот број неуспешни обиди тие се уште не се откажуваат од намерата еден ден да имаат наследник во семејството, а размислуваат и за посвојување.
Повеќе за ова прочитајте тука…