FashionШопинг

Ѕирнете во Гевгелија мол – врвни брендови и динамична атмосфера за сите генерации (Фото)

Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. 

Advertisement

Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity Band, а имаше и диџеј сетови и отворено студио на Радио Урбан ФМ кои го направија отворањето уште повесело и за паметење.

Advertisement

Молот, лоциран на еден километар од граничниот премин Богородица, на самиот автопат, се простира на 10.000 m² распоредени на три нивоа.

Во Молот се наоѓа најголемото „Jumbo“ во Македонија, Duty Free / Travel Free продавницаAmore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови како Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino, како и M Outlet, кои дополнително ќе ја збогата понудата на центарот.

Свој простор имаат и SOHO кафетерија, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.

Покрај модните брендови, во Гевгелија Мол се наоѓаат и VERO, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.

Со отворањето, Гевгелија Мол се позиционира како нов центар за шопинг, забава и инспиративни моменти во регионот, комбинирајќи модерен амбиент, врвни брендови и динамична атмосфера за сите генерации.

„Нашиот тим работеше посветено на овој проект, меѓу другото, анализирајќи ги потребите, но и желбите на граѓаните, при што внимателно го осмислувавме секој детал – од изборот на брендови до услугите и просторната поставеност. Верувам дека нашиот труд за кусо време ќе резултира со бројни задоволни посетители и дека секој кој ќе го посети Молот ќе може да ужива во модерниот амбиент, динамичната атмосфера и пред сè разновидната понуда за шопинг“, изјави Мимоза Маркова, менаџер на „Гевгелија Мол“.

Гевгелија Мол ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, односно до 20 часот во недела.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button