Новите истражувања покажаа дека „густите“ женски гради, кај припадничките на понежниот пол, го зголемуваат ризикот за развивање рак на дојките.
Имате ли и вие вакви гради?
Новите истражувања покажуваат дека „густите“ женски гради, кај припадничките на понежниот пол, сериозно го зголемуваат ризикот за развивање рак на дојките. Станува збор за гради кои не содржат многу масно ткиво, а жените кои имаат такви гради, според мислењето на научниците, имаат два пати поголеми шанси да добијат рак. Како истакнуваат тие понатаму, густото ткиво дополнително отежнува малигните клетки да се забележат со мамограф.
Само една лажичка од овој зачин дневно ќе ве спаси од вишокот килограми, маснотии и холестерол >>
Научниците до овие резултати дошле откако ги прегледале здравствените картони на 18 илјади жени на кои им е дијагностициран рак на дојките. Потоа прегледани се уште 184 илјади жени на иста возраст, но без никакви симптоми на оваа болест. Сите жени потоа беа ставени во една од следните 4 категории: со потполно масни гради, воглавно масни, умерено густи и претежно густи гради. На тој начин е пресметано дека 39 отсто од случаите на рак на дојките пред менопаузата, би можело да биде спречено доколку жените имале помалку густо ткиво. Резултатите биле исти за нешто повеќе од една четвртина жени кои се разболеле по менопаузата.
Податоците покажуваат дека густината на дојките е силен и заеднички фактор на ризик за добивање рак, откриваат стручните лица. За разлика од мастите кои се транспарентни за време на скенирање на градите, густото ткиво е цврсто и на тој начин отежнува да се види низ него. Кога ќе добиете на тежина, на градите им се додава масно ткиво и тогаш стануваат помалку густи, но тогаш пак, вишокот килограми исто така претставува своевиден ризик.
Се пие 4 дена, половината се намалува 10 cm: рецепт за совршена бикини линија >>
Се проценува дека околу 60 отсто млади и нешто под 50 отсто постари жени имаат „густи“ гради. Не заборавајте, вашето здравје секогаш треба да ви биде на прво место па ако сакате да си ја проверите густината, како и за сите останати совети, консултирајте се со вашиот доктор.