Сигурно досега многу пати ви се случило да затекнете неколку непосакувани влакна на вашата кожа и покрај тоа што претходно сте ги отстраниле со брич, па ви ги откриваме најчестите грешки што доведуваат до тоа.
1. Предолго користите ист жилет
Иако на пакувањата не пиши колку долго може да се употребува еден брич, специјалистите тврдат дека е доволно да се користи 10 пати, потоа сечилата стануваат тапи и можат да доведат до оштетување на кожата.
2. Не користите производи наменети за бричење
Со причина постојат креми и гелови за бричење, тие служат да ги омекнат влакната и да ја намалат штетат во текот на бричењето.
3. Не ја хидратизирате кожата
Како и на лицето така и на остатокот на кожата на телото и е потребна хидратизациза. Прекумерното сушење на кожата може сериозно да ја оштети.
4. Користите агресивни кремови и лосиони
Доколку откако ќе се избричите и нанесете крем или лосион за тело и од него почувствувате пецкање тогаш голема е веројатнодта тој производ дополнително да ја ирира вашата кожа. Користете производи наменети за осетлива кожа.
Пробајте: Путер од кикиритки наместо пена за бричење на нозете