Животот ни дари нова светлина по големата тага – се огласи вдовицата на Саша Поповиќ
Сузана, која досега молчеше во јавноста, првпат се огласи по повод радосните вести.

По месеци исполнети со длабока тага поради смртта на сопругот Саша Поповиќ, познатата пејачка Сузана Јовановиќ конечно добива повод за вистинска среќа. Таа наскоро ќе стане баба! Нејзиниот син Даниел и снаата Тијана очекуваат прво дете, а оваа вест донесе нова надеж во семејството кое поминува низ најголемата загуба.

Сузана, која досега молчеше во јавноста, првпат се огласи по повод радосните вести:
„Ова се денови исполнети со силни емоции за нашето семејство. Тага поради заминувањето на нашиот Сале, но и немерлива среќа, бидејќи нашето семејство набргу добива нов член!
Животот често нè потсетува колку се блиски тагата и радоста, и колку е важно да ја чуваме љубовта, семејството и спомените на оние што ги сакавме.
Бескрајно се радуваме на новиот член на нашето семејство, едвај чекаме да го земеме бебето во раце, јас како баба, а Александра како тетка. Тијана и Даниел нè направија пресреќни!
Благодарност до сите за поддршката, честитките и разбирањето во овие моменти“, изјави Сузана Јовановиќ за српските медиуми.
Во последното интервју во 2024 година, Саша Поповиќ отворено зборуваше за единствената неисполнета желба во животот, а тоа е да стане дедо.
„Па како не, дали е внука или внук, посакувам внуче. Дали е машко или женско, нема врска. И Сузана и јас посакуваме, но еве, чекаме! Чекаме да видиме што ќе се случи. Ние чекаме, ама уште нема ништо… Ќе биде!“ – рече тогаш Саша.

Денес, неговите зборови звучат како пророштво. Иако не доживеа да го види внучето, радоста што ја посакуваше сега го исполнува домот на Сузана, Даниел, Тијана и Александра.
Инаку, Сузана и Саша отсекогаш гледаа на семејството како на нешто што е свето. Даниел, син од првиот брак на Сузана, беше целосно прифатен од Саша, кој никогаш не правеше разлика меѓу него и ќерката Александра. Сега, со доаѓањето на бебето, кругот на љубовта се проширува на најубав начин.



