Реклама
Култура[тор]

Животот и чудата на Св. Антониј Велики – „Бог ја чува душата твоја, сѐ додека ти го чуваш јазикот свој“

„Нека твоите зборови бидат умерени и одмерени на кантар, за да им бидат корисни на оние кои ќе ги чујат“, им велел монахот Антониј на своите ученици.

Реклама

Денес, православните христијани го слават денот на Свети Антониј Велики. 

Преподобен Антониј, прв цвет на пустината, се родил околу 251 година во селото Кома во близина на Хераклеја.

Неговите родители биле христијани, богати и благородни по потекло, и го воспитувале синот во вера и Божји страв. Тие се грижеле за неговото образование, бидејќи Антониј не учествувал во бучните игри на врсниците, а излегувал од дома само за да оди во црква, каде што со внимание ги слушал читањата од светите книги и расказите за подвизите на светците.

Маркетинг
принтскрин, Икона на св Антониј

Кога Антониј имал околу 18 години, неговите родители починале. Како најстаро дете во семејството, ја презел одговорноста за воспитување на помалата сестра.

Еднаш, додека се упатувал во храмот, размислувајќи за мирниот живот без грижи на апостолите и првите христијани, тој чул читање од Евангелието:

Маркетинг

„Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и раздај го на сиромашните; и ќе имаш благосостојба на небесата; и дојди и следи ме“ (М. 19: 21).

Убедени дека овие зборови се изговорени специјално за него, тој веднаш ги разделил на соседите сите земји што ги поседувал, го разделил и целиот мебел, раздал и пари на сиромашните, оставајќи за себе само мал дел, потребен за воспитување на сестрата.

Другпат, слушајќи ги зборовите: „Не грижи се за утрешниот ден“ (Мф. 6: 34), Антониј решил целосно да се откаже од материјалниот свет, па го раздал остатокот од имотот, ја доверил грижата за сестрата на добродетелни луѓе и, напуштајќи го домот, тргнал на патот на подвижничкиот живот.

Во тоа време не постоеле организирани манастири. Понекогаш можело да се најде некој кој водел монашки живот во близина на своето село, поминувајќи ги деновите во молитва и пост. Еден од таквите старци живеел близу селото на Антониј и тој решил да го следи неговиот пример.

Се населил на пусто место и, ослободувајќи го својот ум од секојдневните грижи и спомени од минатиот живот, се посветил на рачниот труд, додека заработката ја давал на сиромашните. Читал и размислувал за светите книги и вложувал напори за постигнување на постојана молитва во срцето.

Секој пат кога Антониј ќе слушнел за некој добродетел, како трудољубива пчела, се упатувал кај таквата личност и го набљудувал неговото смирение, умереност, посветеност на молитвата, а потоа, враќајќи се во својата келија, се обидувал да го следи тој пример.

Меѓутоа, ѓаволот, кој завидува на сите добри дела на луѓето, не можел да поднесе таква ревносност кај толку млад човек и започнал да води војна против него. Прво, му внел на Антониј спомени за имотот што го раздал, за сестрата што ја оставил и за сите радости од минатиот живот. Потоа, ѓаволот му ја претставил тешката страна на подвижничкиот живот, физичката слабост, долготрајната битка која ќе мора да ја издржи многу години и му нанел многу други слични мисли.

Откако Антониј упорно се спротивставувал на оваа сатанска опсада со тврда вера, трпение и постојана молитва, лукавиот започнал напад од друг фронт.

Тој започнал да му вметнува нечисти мисли во умот на искушеникот и да ги разгорува неговите младешки чувства со многу непристојни совети. Меѓутоа, подвижникот покажал издржливост. Тогаш, во текот на ноќта, ѓаволот прифатил облик на жена и започнал да го наведува Антониј на грев со непристојни гестови.

Но се разбудил Христовиот војник, го одбил сатаната со спомнување на пеколните казни. Демонот тогаш прифатил изглед на дете, но Антониј со презир го отфрлил лукавиот со пеење на псалм: „Господ е мој помошник“ (Пс. 117:7). Антониј бил вистински убеден дека ова не е негова победа, туку благодатта Божја која била во него (сп. 1 Кор. 15:10).

Предупреден од Светото Писмо за различни ѓаволски замки, Антониј мудро се трудел да ја препознае секоја замка. Постојано бил во молитва, работел со уште поголема посветеност на ослободувањето од телесната зависност, плашелејќи се дека, иако победил во една битка, може да доживее пораз во друга.

Од тој момент, подвижникот веќе без посебни потешкотии можел да помине цела ноќ во молитва, да јаде само малку леб со сол и тоа само секој втор ден, и да се откаже од сите човечки задоволства. Секој нов ден го восприемал како почеток на својот подвижнички живот, прилагодувајќи ги за себе зборовите на пророкот Илија: „Жив е Господ, пред кого јас стојам“.

Подвижникот како свое изолирано место потоа ја избрал една од древните гробници. Но ѓаволот не мирувал, вечерта злите сили претворени во бесови му нанеле на Антониј толку многу удари, што тој останал да лежи на земјата покриен со рани. Кога неговиот пријател, кој му носел храна, го открил светителот во таква состојба, полумртов, тој брзо го пренел во селската црква. Меѓутоа, кога се опоравил, Антониј започнал да го моли пријателот да го врати назад во гробницата.

Немајќи сила да стои на нозе, подвижникот се молел лежејќи и упорно не се предавал на бесовите. Тогаш тие во голем број навлегле во гробницата, земајќи облик на разни диви животни и гуштери. Храбриот Христов војник, опседнат од сите страни, ги одбивал овие суштества, гласно викајќи:

„Ако имавте каква било власт, тогаш само еден од вас би бил доволен да ме победи. Но, бидејќи Господ ја земал вашата сила, вие се обидувате да ме заплашите со бројот. Вие сте паднале до тоа да земете облик на безумни животни – и тоа е знак на вашата слабост. Ако имате каква било власт над мене – не губете време, нападнете! Но ако немате ништо од тоа и не можете ништо да направите, тогаш вашите напори се залудни. Крстот и верата – тоа е мојата непристапна карпа!“

Бесовите, неспособни да направат нешто, само ги триеле забите од бес. На крајот, помош за светителот дошла од Господ Исус Христос. Покривот на гробницата како да се отворил и зрак светлина, кој се спуштил на Антониј, ги исцелил неговите рани и ги натерал злите духови на темнината да избегаат.

Тогаш Антониј праша: „Каде беше, Господи? Зошто не ја запре оваа битка порано?“ На што Христос му одговори: „Бев тука, блиску до тебе. Но, сакав да бидам сведок на твојата битка. Бидејќи се спротивстави со таква храброст, од сега натаму ќе бидам твој заштитник и ќе го прославам твоето име на земјата.“

Антониј, кој тогаш имаше 35 години (286 година), по овие борби почувствувал уште поголем прилив на сила и страст кон верата и одлучил во осамување да се повлече во длабочините на пустината.

Кога дошол до источниот брег на Нил, нашол стара напуштена тврдина на планината и се затворил во неа целосно осамен, забранувајќи било кому да влегува. Во таков монашки живот тој поминал 20 години, и само еднаш, на средината од годината, пријател му носел храна, која му ја префрлувал преку ѕидот.

После некое време за животот на подвижникот слушнале многу луѓе и започнале да доаѓаат во тоа место. Тие останувале надвор од ѕидовите на тврдината и само можеле да ги слушнат гласови од бесовите кои завивале наоколу.

Еден ден, со голем ентузијазам да го видат испосникот, луѓето ја срушиле вратата на тврдината и го виделе подвижникот, опкружен со сјај, како да излегува од некое таинствено светилиште.

Неговото тело изгледало останало исто како што било пред 20 години, иако постел и се борел со бесовите, а душата стекнала таква чистота каква што ја имал Адам пред падот.

Од тој момент, Антониј прифатил ученици, чиј број постојано се зголемувал.

Околу 306 година, тој основал два манастира: еден – на исток од Нил, во Писпире, а другиот – на левиот брег, близу Арсиноја.

Мирот во срцето и умот постојано насочен кон Бог му дале на Антониј власт да ги помири непријателите со самото негово присуство, да ги направи луѓето милостиви и да лекува болести со молитва.

Инспириран од Светиот Дух, Антониј ги внесувал монасите во духовните науки. Им препорачал никогаш да не се откажуваат пред искушенијата и да не го изгубат почетниот ентузијазам, туку напротив, да го сфаќаат секој ден како ден кога почнуваат да се подвизуваат, а за тоа ги учел да размислуваат за зборовите на апостолот: „Јас секој ден умирам“ (1 Кор. 15:31).

Тој велел вака: „Да се обидеме да не поседуваме ништо, освен тоа што ќе го земеме со себе во гробот: да го познаеме милосрдие, добрината и праведноста. Царството Небесно ја бара само нашата волја, која се наоѓа во нас самите. Во реалноста, таа се состои во тоа да ја зачуваме духовната компонента на нашата душа во примарната чистота и убавина. Ако останеме какви што сме создадени, тогаш ќе живееме во благодат.“

Внимателно чувајќи го нашето срце од нечистотијата на злите помисли, од возбудата на задоволства и од избувнувањата на гнев, ќе можеме да се спротивставиме на нападите на бесовите кои ги користат сите можности за да им спречат на христијаните да се издигнат до Небесата и да ги заземат местата од кои бесовите биле фрлени поради нивната гордост и гнев.

Само со постојан подвижнички живот и многу молитви ќе можеме да добиеме од Светиот Дух дар на разликување на духови, за да ги разбереме нивните потези и да ги надмудриме.

Во почетокот, бесовите напаѓаат со лоши помисли, потоа, ако ги отфрлиме тие помисли со вера, молитва и пост, паднатите ангели повторно почнуваат да не опседнуваат преку различни виденија, надевајќи се да не уплашат. Повторно отфрлени од Христовата сила, бесовите се обидуваат да не измамат, претварајќи се дека можат да предвидат идни настани, што може да го направи само Бог.

Ако видат дека ние и натаму остануваме непоколебливи, на сцената излегува самиот нивен цар, сатаната, опкружен со лажна светлина, која не е ништо друго освен облик на оган, подготвен да не однесе со него во вечноста. Сатаната започнува да ни нуди виденија, откровенија, и гради разни подметнувања, за да паднеме во гордост и самољубение. Но и тој се откажува пред цврстината во верата, постот, смирението и молитвата – така Антониј ги учел своите ученици-монаси, според личното искуство.

После повеќе години, Антониј, веќе на зрела возраст, решил да оди во Писпир да ги посети пријателите. По пат, тој направил да се појави извор во пустината за да ги напои сопатниците, кои умирале од жед. Радоста за доаѓањето на Божјиот човек била голема, а сите монаси ја сметале неговата посета за повод да ја зголемат својата ревност кон верата. На враќање, огромна толпа луѓе го следела Антониј сè до неговата планина: некои барале исцелување на физичките болести, други барале морална поддршка и духовно водство. Монахот на секого му давал тоа што му треба, според неговите потреби, како Самиот Бог.

Својот молк го прекинал само кога добил вдахновение од Светиот Дух. Потоа зборувал со зборови од Светото Писмо, како тој самиот да е нивен автор:

„Веќе не се плашам од Бога – го сакам Него. Зашто совршената љубов го истерува стравот“. Затоа во своето учење особено инсистирал на братска милост и очистување на срцето. Тој исто така велел: „Ако стекнеме брат, го стекнуваме Бога; но ако сме повод за грев на нашиот брат, грешиме против Христа“.

Кога монахот наполнил 105 години, отишол, по обичај, да ги посети монасите што живееле на најблиската планина и со радост им објавил дека Господ наскоро ќе го повика во неговата вистинска татковина.

Светителот ги инспирирал да продолжат да ги поминуваат сите денови во подвижнички подвизи, како смртта да е многу блиску, да го следат примерот на светиите и да избегнуваат секаква комуникација со еретиците. Потоа повторно се повлекол далеку во пустината заедно со двајца ученици кои му помагале: Макариј и Амата.

Пред смртта им заповеда да не го префрлаат неговото тело во Египет од страв да не го балсамираат, бидејќи се уште важеле паганските обичаи, и им заповедал да го закопаат на место за кое никој нема да знае. Дел од својата облека им оставил во аманет на двајца големи исповедници на православието: свети Атанасиј и свети Серапион, а својата кошула на двајца од своите најблиски ученици, за тие, облечени во оваа облека, да бидат покриени со неговата невидлива заштита. Потоа, со радосен израз на лицето, како пријатели да доаѓаат да го пречекаат, мирно заминал кај Господа на 17 јануари 356 година.

Славата на таткото на сите монаси се рашири насекаде. Веќе многу векови, неговото житие, напишано со љубов од свети Атанасиј Александриски набргу по смртта на светителот (335 г.), им дава на душите кои се стремат кон Бога совршен пример за патот по кој треба да се оди за да се постигне совршенство во христијанскиот живот.

Моштите на св Антониј се наоѓаат во манастирот (кој го основале неговите ученици ) во близина на пештерата во која се подвизувал светителот и се наоѓа во подножјето на планината Ал-Казар во близина на Црвеното Море и се смета за најстариот манастир во светот. Основан е во 365 година.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button