MAMAКафе муабет

Животот е премногу краток за да го поминете со луѓе кои не го заслужуваат вашето време и вашата енергија

Advertisement

Постојат одредени видови лиѓе кои едноставно не би требало да бидат добредојдени во вашиот живот, ако сакате да бидете среќни исполнети. Ако сакате да постигнете нешто во вашиот живот, тогаш опкружете се со личности кои во вас ги развиваат позитивните вредности. Обрнете внимание на овие личности кои дефинитивно треба што побргу да ги отстраните од вашиот живот.

ФОТО: shutterstock.com

Манипулатори

Овој тип луѓе се многу променливи и може да ве прелажат за миг. Нивната цел е да се вовлечат во вашиот живот, да ја добијат вашата доверба, а потоа да ве искористат за нивни цели. Клучот е да верувате во својата интуиција. Ако имате чувство дека нешто не е во ред, тогаш верувајте дека постои добра причина за тоа.

Advertisement

Насилници

Овие личности ги понижуваат другите и постојано се издигнуваат себеси. Луѓето се насилници зашто длабоко во себе патат од нешто. Ако може да направат некој друг да се чувствува лошо, тогаш тие ќе се чувствуваат помалку лошо. За да се справите со нив не треба да ги сфаќате сериозно.

Его-манијаци

Овие личности се дружат со вас само затоа што тоа придонесува за подобрување на нивната слика. Тие не се реално заинтересирани за пријателство, туку за зголемување на својот индентитет и тоа преку вас. Животот е прекраток за да го поминете со луѓе кои не го заслужуваат вашето време и вашата енергија.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button