TV

Животната приказна на Иклал Ајдин, Несрин од „Трите сестри“ – Животот е убав, и со четири брака зад себе

Едната страна од неа изгледа како да живее живот според правилата; точна, идеална, домаќинка, многу работлива жена. Другата страна од неа е енергична бомба, која се движи од едно место на друго, трчајќи само по своите емоции и подготвена да плати цена за тоа, жена која ги следи своите чувства.

Реклама
Реклама

Серијата „Трите сестри“ стана една од најгледаните турски серии. Досега се снимени три сезона (2022-2024), а фановите со нетрпение очекуваат нови епизоди.

Дејството ги следи Несрин и Садик, кои се во брак 25 години и имаат ќерки Туркан, Донус и Дерја, со кои живеат во мало гратче на брегот на Егејското Море. Мајката на трите сестри ја глуми прочуената турска глумица Иклал Ајдин, која го напиша истоимениот бестселер (Три сестри) по кој е снимена серијата.

Турската актерка, писателка, сцнаристка и телевизиска водителка истакнува дека приказната е чиста фикција и не е инспирирана од вистински настани.

Маркетинг

„Тоа е комбинација од трагедија и комедија, како што често се случува во животот“, вели Иклал.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by İclal Aydın fan sayfası (Esra)♥️ (@queeniclall)

Животот е убав

Иклал Ајдин започнала со својата актерска кариера многу млада. Како 15-годишна, таа се појавила во позната турска серија што ја направила една од најпознатите млади глумици на тоа време.

Глумата ја следи и понатаму, па логично е што завршила Факултет за драмски уметности во Анкара.

Опишувајќи ја неповторливата Иклал, нејзините блиски денес знаат да кажат дека едната страна од неа изгледа како да живее живот според правилата; точна, идеална, домаќинка, многу работлива жена. Другата страна, пак, од неа е енергична бомба, која се движи од едно место на друго, трчајќи само по своите емоции и подготвена да плати цена за тоа, жена која ги следи своите чувства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İclal Aydın (@iclalaydin)

Без разлика како самата глумица би се опишала себе, на крајот секогаш знае да се насмее и да каже: „Животот е убав“.

Четири пати во брак

Икал Ајдин (53) се омажила многу млада, на 19 годишна возраст со партнер кој не е многу познат на јавноста. Бракот не траел долго и завршил поради несогласувања меѓу нив. Овој брак не е многу коментиран од самата актерка и речиси е заборавен од јавноста и фановите на глумицата.

Вториот брак ѝ бил си режисерот Кемал Башбуѓ (татко на нејзиното единствено дете- ќерката Зејнеп Лал, која денес е позната фотографка).

Иклал со ќерка си – Инстаграм

Бракот се смета за многу значаен период во нејзиниот живот, бидејќи во тој период таа се соочувала со лични и професионални предизвици, но сепак, завршил поради различни животни цели и визии.

Третиот брак го склучила со славниот писател и музичар Туна Киремитчи, и тоа е најпознатиот брак на Иклал. Двајцата биле под светлото на јавноста, привлекувајќи големо внимание, поради тоа што воедно биле и еден од најпознатите парови во турската јавност.

Нивната врска започнала со голема љубов и страст, што брзо ги довело до одлука за брак. Се венчале на интимна церемонија, опкружени со блиски пријатели и со семејствата.

Нивната врска постојано била предмет на бројни статии и шпекулации. И покрај јавниот притисок, тие изгледале среќни и заљубени.

Сепак, по неколку години брак, почнаа да се појавуваат знаци на несогласувања. Различните професионални обврски и интензивните кариери доведоа до недостаток на време кое го минуваа заедно. Покрај тоа, медиумскиот притисок и постојаното присуство на папараците создадле дополнителен стрес во нивниот однос.

Следува четврти брак за актерката, овојпат со директорот на фотографија Ефе Кубилaј. Се венчале во 2015 година на романтична церемонија.

Овој брак, исто така, не успеал да трае долго, завршувајќи само по неколку години. Причините не се детално познати, но турските медиуми наведуваат дека притисокот од јавноста и различните приоритети имале своја улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İclal Aydın (@iclalaydin)

Иклал Ајдин денес често коментира дека нејзините бракови ѝ помогнале да созрее како личност: „Секој брак е приказна за себе и училиште каде научив многу за љубовта и за себе“, смета глумицата.

Таа исто така отворено открива дека поради професионалните обврски не успевала да најде баланс меѓу личниот живот и кариерата.

„Толку многу се менувам што понекогаш се гледам самата себе со изненадување. Тоа е период кога не излегувам од дома и не се среќавам со никого. Изгледа дека имам многу пријатели, но всушност се среќавам со многу малку луѓе. Живеам во луксузот на деновите кога сум дома од утро до вечер. Тогаш, многу сум мирна. Читам, гледам телевизија. Домот ми дава енергија. Но, најмногу можам да останам две години во еден дом. Тоа е некоја луда работа, болест, и го прифаќам тоа“ – признава глумицата во едно интервју.

Денес таа живее и работи во Истанбул, сама. Ја промовира својата омилена книга „Трите сестри“ низ Европа, се уште работи на истоимената тв-серија (снимањата се во Истанбул, Турција), но посветена е и на писателската работа.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button