Во суштина, Биковите имаат многу силна интуиција. Таа е неверојатно гласна и тоа секогаш е добра работа. Многу луѓе сакаат нивната интуиција да им зборува гласно, но нажалост, најверојатно не се родени во овој хороскопски знак.
Меѓутоа, доколку сте Бик, сигурно не ја обожавате толку вашата интуиција, за која многумина тежнеат. Вие не ја слушате често и не ѝ обрнувате доволно внимание. Тоа е исто како кога во понделник наутро го слушате вашиот шеф сконцентрирано неколку миути, но потоа, целиот состанок го поминувате сонувајќи.
Наместо да го сфаќате својот инстинкт здраво за готово, научете како да го слушате вашиот внатрешен глас. Обрнете внимание на деталите, слушајте повеќе, а помалку зборувате. Имајте на ум дека вашата интуиција никогаш не греши! Кога ја слушате и кога работите ќе тргнат наопаку, сетете се дека можеби кривината е во вас, затоа што не сте се потрудиле доволно.
Анализирајте се себеси повеќе и трудете се да разберете што всушност се случува во вашиот живот. Ова дефинитивно е најдобриот совет за секој Бик, кој во иднина ќе му донесе многу успеси и пријатни моменти.