Живееше во Австралија, но сега откри зошто се врати во Македонија – во овој град му е најубаво (видео)
Роден сум во Австралија, но многу мал донесен во Битола, вели познатиот пејач

Пејачот Борче Наумовски Министерот во емисијата „Кафе муабети“ зборуваше за животот во Австралија, каде што е роден.
Познатиот фолк-пејач Борче Наумовски кој меѓу колегите е познат и како „Министер за естрада“, во емисијата „Кафе муабети“ зборуваше за својата кариера, но откри и непознати детали од неговиот живот.
Тој овие денови прослави сребрена свадба со сопругата Наташа со која им три ќерки, а сега за прв пат откри зошто и како тие решиле да се вратат од Австралија, каде што живееле на почетокот од бракот.

Фејсбук/ Борче Наумовски
И како што самиот откри, и неговите ќерки живееле во Австралија, додека насамо најмалата се родила откако се вратиле.
Тој набргу по свадбата со сопругата заминува во оваа далечна земја, каде што е роден, и каде ќе останат да живеат неколку години.

Фејсбук/ Борче Наумовски
„2000 година, 14 октомври направивме свадба, 2001 година 14 октомври крштевка, ни се роди Зорица, и заминавме заедно, тројцата во Австралија. Седум и пол години живеевме таму. Ни се роди уште една ќерка, во Австралија, Кристина, моментално таа е тука, студира на економски факултет и игра ракомет за Ѓорче, спортистка е“, вели пејачот.
Тој потоа додава и дека дечињата му биле мали додека живееле во Австралија, додека тој таму постојано настапувал
„Сум ја пратил, Бог да ја прости, Есма, Тоше Проески, додека доаѓаа, како на турнеи, и нон-стоп бев само со музика“, вели Борче.

Фејсбук/ Борче Наумовски
На прашањето каде е поубаво, во Австралија или Македонија, познатиот фолк-пејач кој вели дека го даде следниот одговор:
„Искрено, јас сум пораснат во Битола, јас сум дете од Широк сокак, и тој град има многу посебна енергија за мене. Ако не сум роден таму, сум донесен на три години во Битола. Истото го направиле и моите родители – живееле таму, се нашле таму, биле неколку години, спечалиле и се вратиле во Битола“, вели познатиот фолк-пејач.
„Убава ми е Австралија, не можам да речам, родна земја ми е, преубава е. Ама ако направам разлика за живеење, лично за мене, за мојата фамилија и за моите деца мислам дека Македонија е подобро“, заклучи тој.
Целото интервју со Борче погледнете го во продолжение:




